Мотилово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мотиловоmap
Remove ads

Мутулово или Мотилово (грчки: Μεταξοχώρι, Метаксохори, до 1926 Μουτούλοβον, Мутуловон[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Мутулово Γαλλικός, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 237 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мутулово се состоело од 140 семејства и 684 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мутулово имало 850 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1344 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6]. Во периодот од 1892 до 1909 година, во селото како унијатски свештеник работел Нако Јанев, кој подоцна во 1934 година бил свештеник во источнокатоличката црква во Софија, Бугарија. Во периодот од 1911 до 1914 година унијатски свештеник во селото бил Христо Чолаков[7].

Во текот на Втората балканска војна, селото било целосно разрушено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села како и во Бугарија[8]. Според податоците, 30 семејства заминале во Струмица, додека 17 семејства во Голем Манастир, Јамбол[9].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 122 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 272 жители. Во 1919 година, по крајот на Првата светска војна, од селото заминале дел од унијатското население во Гара Левуново, во денешна Бугарија. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 198 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 477 жители.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Селото во пописот од 1951 година броело 328 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 355 жители, во 1971 година имало 252 жители, во 1981 година имало 193 жители, додека во 1991 година имало 175 жители[11]. Денеска, населението на селото е 143 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Родени во Мутулово
  • Атанас Георгиев (1884 - ?)[12]
  • Атанас Гоцев (1902 - 1928)
  • Вано Дељов (1874/1875 - ?)[13]
  • Гого Киров (? - 1905)
  • Гоце Стојанов Кехаја (1857 - ?)[14]
  • Мито Гугуланов (1873 - ?)[15]
  • Насо Пецов Канин (1886 - ?)[16]
  • Никола Георгиев Петков (1887/1888 - ?)[17]
  • Никола Гугуланов (1876/1879 - ?)[15]
  • Тано Јанов (1889 - ?)[18]
  • Ташо Гегов (1876 - ?)[19]
  • Тома Јанев[20]
  • Мито Јаков Хаџијата[21]
  • Христо Георгиев Петков (1882/1883 - 1913)[22]
  • Христо Митров (1862/1867 - ?)[23]
  • Христо Јанов[18]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads