Муралар
село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Муралар или Моралар (грчки: Πελαργός, Пеларгос; до 1927 г. Μουραλάρ, Муралар[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 325 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км источно од Чалџиево и 12 км јужно од Суровичево.
Историја
Во Отоманското Царство
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Молари (Molari) е село во Џумалиската каза со 10 домаќинства од 25 жители муслимани.[4]
Во 1889 г. хрватсниот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Муралар:
„ | Село Моролар со 90 муслимански куќи. Данокот им е 11.600 пијастри. Селото е сместено во подножјето на шумовити ридови и лежи на 5 1⁄2 часа од Лерин. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[5] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моралар имал 250 жители Турци.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 435 жители, кои во 1920 г. нараснале на 510.[3] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле семејства кои зборувале турски христијани од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Пеларгос.[7] Во 1928 г. Муралар е заведено како дојденско село со 345 дојденски жители од 93 семејства.[8]
Во 1940 г. селото броело 561 жител. Во Втората светска војна населението на Муралар било вооружено од окупаторските сили, а во Граѓанската војна покажало голема верност кон власта и, како противник на Демократското движење, ги пљачкало и тероризирало македонските села во околината.[3]
Населението се намалило во текот на 1960-тите поради иселувања во Кајлари и други градови.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението се занимава со одгледување на жито и тутун, со овоштарството и делумно со сточарство.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads