Неокастро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Неокастро (грчки: Νεόκαστρο, книжевно: Νεόκαστρον, Неокастрон) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа источно од градот Бер, на помалку од три километри од селото Мелик, на надморска височина од 70 метри.[2] Површината на селскиот атар зафаќа 15 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак, на северните падини на планината Шапка.
Историја
Селото уште од постаро време било населено со грчко население.[2]
Стопанство
Населението се занимава со земјоделство, а основни производи се памукот, овошјето и пченицата.[2]
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Нео Кастро живееле 145 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нео Кастрон (Néo Kastron) живееле 95 Македонци.[4]
Иако и К’нчов и Бранков го споменуваат селото со 145 односно 95 жители, веројатно било многу поголемо, бидејќи за време на пописот во 1913 година било забележано со 450 жители, во 1920 година со 550, а во 1928 година со 780, од кои само седуммина бегалци. Во 1940 година, Неокастро имало 768, во 1951 година 829, во 1961 година 910, во 1971 година 851, во 1981 година 928, а во 1991 година 949 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 916 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 889 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неокастро, во кој е единствено село.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads