Ново Змирново

село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Ново Змирновоmap
Remove ads

Ново Змирново − село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Змирново живееле 90 жители, сите Македонци.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Бугарско Смирново се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 12 куќи.[3][4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Змирново имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Турци.[6]

Според пописот во 2002, селото брои 41 жител, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Ново Змирново е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Брановци (3 куќи) доселени се на средината од XIX век од селото Старо Змирново, они се основачи на селото; Штаковци (5 куќи) доселени се после родот Брановци од сега раселеното село Мечкарица, го знаат следното родословие: Диме (жив на 44 г. во 50-тите години) Никола-Стојче-Трајче, предокот кој се доселил во селото; Кутлешовци (8 куќи) и Ацевци (3 куќи) порано биле еден род, доселени се од некое село Кутлино во Мариово?. Можеби се однесува на селото Кутлешево во Прилепско; Магловци (4 куќи) доселени се од селото Лопатица; Милошевци (2 куќи) доселени се од некое село во Мариово; Гавазовци (2 куќи) доселени се од селото Стругово во Железник, они се најмлад род во селото доселени околу 1920 година.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 200 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задруга.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква;
Археолошки наоѓалишта[16]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads