Кутлешево
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кутлешево, се среќава и како Кутлешово, Кутлеше или Кутнешово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Кутлешево се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, како и во средишниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 2,8 км2 Од Прилеп е оддалечено 17 км.[2]
Месности во селскиот атар се: Чаир, Абејца, Присој, Крст, Барутница, Сивец, Смрдливче, Орлов Даб, Голема Нива, Корија, Мито Кориче, Бел Камен, Грашиште, Сува Ливада, Врба, Камен, Гробишта, Црква, Меризиште, Капиње, Самоков, Чадлов Камен и Попов Камен.[3]
Селските гробишта се сместени на околу 200 м североисточно од селото.[3]
Remove ads
Историја
Остатоци за постоењео населба на местото на селото биле пронаоѓани од страна на мештаните. Во нивите на потегот Грашиште, сместен пониско од селото, селаните при орањето најдувале остатоци од ѕидови и ќерамиди. На еден рид со каменита подлога над селото, на три места биле ископани вински корита; а во месностите Крст и Барутница северно од селото биле забележани дупки ископани во земјата, а за тоа место мештаните говореле дека се користело за правење барут. леПотезот Грашиште лежи пониско од Кутлешево. Таму, низ нивите, селаните во орањето наоѓале остатоци од ѕидови и ќерамиди, кои биле „три прсти дебели“. Над селото, на еден рид со каменита подлога, на три места се ископани вински корита. Крст и Барутница се места северно од Кутлешево. Таму се гледале дупки, ископани во земјата. За тоа место селаните говореле дека „тука некогаш се правел барут“.[3]
Во селото нема црква, но во средината на гробиштата има археолошко наоѓалиште, каде што се видливи остатоци од ѕидови на црква со должина од 8 м и ширина од 4 м. Околу црквата има старински гробови коишто се распоредени во правец исток-запад, а преку нив има плочи за коишто постои предание дека припаѓале на „некој стар народ“. При откопување на неколку гробови, селаните нашле крупни черепи и долги бутни коски околу коишто имало камени плочи.[3]
Според традицијата, денешното село било основано по пропаѓањето на соседното село Милошево. Тоа веројатно се случило некаде на почетокот на XIX век. Во текот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство и претставувало чифлишка населба. Сопственик на чифлигот во 1912 година бил Али-бег од Дебар. Во време на Балканските војни и Првата светска војна, чифлизите се растуриле, а некои од нивните сопственици се преселиле во селото Вранче. Од 1918 година, државната власт земјата им ја поделила на новодоселените селани.[3]
Remove ads
Стопанство
Селото има главно полјоделска функција. Во рамки на неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 152 ха, а на пасишта отпаѓаат 106 ха.[2]
Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, селото е запишано дека било тимар на Мустафа. Вкупниот приход од селото изнесувал 3.400 акчиња и најмногу бил остваруван од пченица, испенџе, нијабет и свадбарина, ушур од коноп и др.[3]
Население
Во пописните дефтери од 1467/68 година во Кутлешево имало 14 христијански семејства, 2 неженети и 1 вдовица; во 1481/82 година имало 17 семејства и 3 вдовици; во 1544/45 година имало 15 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, како и 1 муслиманско семејство; а во 1568/69 година имало 15 семејства и 5 неженети.[3]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кутлеше било село со 8 домаќинства и 31 жител Македонец.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кутлешево имало 40 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Кутнешово било село со 48 жители Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кутлешово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Кутлешево живеат 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Кутлешево е македонско село, а порано во селото имало и нешто српско население.
- Македонски родови во селото се: Димбаровци (1 к.) едно домаќинство им останало уште од турско време. Потекнуваат од домазетот Мирче. Старите Димбаровци се изумрени; Јошевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Долнени, пред тоа скитале и по други села. Живееле и во селото Лажани. Право место на потекло им е од селото Кокре, Мариово, го знаат следното родословие: Спасо (жив на 56 г. во 1950-тите) Тодор-Јоше-Илче, основачот на родот; Дајковци (4 к.) доселени се во 1923 година од селото Дабјани; Таневци (2 к.) доселени се во 1933 година од селото Косово, Порече; Петревци (1 к.), Черговци (1 к.) и Микајл (1 к.) доселени се во 1945 година од селот Лупште, Порече
- Српски родови во селото биле: Дабиќи (1 к.) доселени во 1924 година од златиборското село Алин Поток; Деспиновиќи (2 к.) доселени во 1936 година од селото Врлик, Далмација (Хрватска); Јовановиќи (1 к.) доселени во 1935 година од околината на Гнилане (Косово), во овој род живеел и домазет од родот Мартиновци од соседното село Бело Поле.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1468 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[16]
Културни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Иселеништво
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Црвениковци иселени се во Заполжани. Тошевци иселени се во Горно Село. Филиповци иселени се во Средорек. Кокаревци и Баловци иселени се во Новоселани.[14]
Поврзано
- Кутлеш — славно село во Егејска Македонија со слично име
- Прилепско Поле
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads