ОУ „Реџеп Вока“ - Шипковица
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Реџеп Вока“ (официјално: Основно општинско училиште „Реџеп Вока“ - Шипковица; скратено: ООУ „Реџеп Вока“) — централно основно училиште во тетовското село Шипковица, Општина Тетово.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Реџеп Вока“.
Училиштето е именувано по албанскиот духовник и училел Реџеп Вока.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Шипковица, на самиот негов крај, на патот кон соседните села Бродец и Вешала.
Историја
Наставата во училиштето започнала уште во 1917 година, додека официјално како основно училиште било основано во 1945 година од страна на Народниот одбор на Тетовската Околија.[2]
Во 1962 година кон училиштето било споено ОУ „Лирија“ од селото Бродец, а во 1970 година било споено и ОУ „Беса“ од селото Вешала, кое во 2000 година повторно било издвоено.[2]
Именувања
Називот на училиштето бил променет неколку пати и тоа:[2]
- од 1945 до 1950 бил „Баб Дуда“
- од 1950 до 1953 бил „Реџеп Вока“
- од 1953 до 1993 бил „Јета е Ре“
- од 1993 до денес повторно „Реџеп Вока“
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Реџеп Вока“ - Бродец, подрачно училиште.
Галерија
- Спортското игралиште
- Поглед на училиштето
- Бисти во дворот на училиштето
- Поглед на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads