ОФК Белград
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
ОФК „Београд“ е фудбалски клуб од Белград, Србија. Клубот настапува во Јелен Супер Лига, т.е. најјаката фудбалска лига во Србија.
Remove ads
Историја
ОФК Београд е оформен на 1 септември 1911 година под името БСК (Белградски Спортски Клуб). Во периодот од 1923 година кога за првпат се одржало фудбалското првенство, па до почетокот на 1941 година кога започнала Втората светска војна, клубот освоил пет шампионски титули. На 15 февруари 1945 година, клубот повторно продожил со својата дејност, но овој па под името Металец, кое ќе се задржи до 1950 година, кога повторно е вратено старото име БСК. Од 1957 година го добива денешното име ОФК Београд. За време на СФРЈ четири пати е освојувач на Купот на Маршал Тито, а најголем успех на евро сцената го постигнува во сезоната 1962/63 кога стигнува во полуфиналето на КПК (Купот на Победници на Куповите), каде е поразен од Англискиот тим Тотенхем, кој го освојува овој куп.
Remove ads
Стадион
ОФК Београд настапува на Омладински стадион кој се наоѓа во белградската населба Карабурма. Пред реконструкцијата во 2000 година, капацитетот на стадионот бил 28000 гледачи, а сегашниот капацитет е 20000 гледачи.
Успеси
Шампиони
- 1930/31, 1931/32, 1932/33, 1934/35, 1935/36, 1938/39.
Куп победнци
Навивачи
Навивачите на ОФК Београд се познати како Blue Union (Сина Унија) и се оформени во 1994 година и се во пријателски односи со навивачите на ФК Вождовац од Белград, познати како Инвалиди Вождовац.
Македонци кои играат/играле во ОФК Београд
- Александар Бајевски
- Ангелчо Панов
- Тони Шалев
- Харис Факиќ
- Златко Тодоровски
- Христијан Кировски
- Бобан Грнчаров
- Стевица Кузмановски
- Антонио Тасев
- Филип Деспотовски
- Симеон Ефремов
- Бојан Марковски
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads