ФК Тотенхем Хотспар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Фудбалски клуб Тотенхем Хотспар, познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Тотенхем Хотспар, кој бил изграден на местото на стариот стадион Вајт Харт Лејн кој бил срушен во 2017 година.

Кратки факти Тотенхем Хотспар, Целосно име ...

Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите.[1] Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.

Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.

Remove ads

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Позиција ...
Remove ads

Менаџери

Менаџери и вршители на должноста

  • (ВД) – Вршител на должноста
  • (ТПТ) – Тренери на првиот тим
Thumb
Анге Постекоглу, моментален менаџер на клубот.
  • 1898 Англија Франк Бретел
  • 1899 Шкотска Џон Камерон
  • 1907 Англија Фред Киркхем
  • 1912 Шкотска Питер МекВилијам
  • 1927 Англија Били Минтер
  • 1930 Англија Перси Смит
  • 1935 Англија Воли Хардинџ (ВД)
  • 1935 Англија Џек Тресејдерн
  • 1938 Шкотска Питер МекВилијам
  • 1942 Англија Артур Тарнер
  • 1946 Англија Џо Хјулм
  • 1949 Англија Артур Роув
  • 1955 Англија Џими Андерсон
  • 1958 Англија Бил Николсон
  • 1974 Северна Ирска Тери Нил
  • 1976 Англија Кит Баркиншо
  • 1984 Англија Питер Шривис
  • 1986 Англија Дејвид Плат
  • 1987 Англија Тревор Хартли и Даг Ливермор (ВД)
  • 1987 Англија Тери Венејблс
  • 1991 Англија Питер Шривис
  • 1992 Англија Даг Ливермор и Англија Реј Клеменс (ТПТ)
  • 1993 Аргентина Освалдо Ардилес
  • 1994 Англија Стив Периман (ВД)
  • 1994 Англија Гери Френсис
  • 1997 Ирска Крис Хјутон (ВД)
  • 1997 Швајцарија Кристијан Грос
  • 1998 Англија Дејвид Плат (ВД)
  • 1998 Шкотска Џорџ Греам
  • 2001 Англија Дејвид Плат (ВД)
  • 2001 Англија Глен Ходл
  • 2003 Англија Дејвид Плат (ВД)
  • 2004 Франција Жак Сантини
  • 2004 Холандија Мартин Јол
  • 2007 Англија Клајв Ален (ВД)
  • 2007 Шпанија Хуанде Рамос
  • 2008 Англија Хари Реднап
  • 2012 Португалија Андре Виљаш Боаш
  • 2013 Англија Тим Шервуд
  • 2014 Аргентина Маурисио Почетино
  • 2019 Португалија Жозе Мурињо
  • 2021 Англија Рајан Мејсон (ВД)
  • 2021 Португалија Нуно Еспирито Санто
  • 2021 Италија Антонио Конте
  • 2023 Италија Кристијан Стелини (ВД)
  • 2023 Англија Рајан Мејсон (ВД)
  • 2023 Австралија Анге Постекоглу
Remove ads

Раководство на Тимот

Повеќе информации Улога, Име ...

Титули

Домашни

Европски

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads