Олга Милосавлева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Олга Милосавлева (Тетово, 14 септември 1935 - Скопје, 16 јануари 1997 ) — македонска балерина, кореограф и педагог[1].

Животопис

Милосавлева била родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова. Ѝ припаѓа на првата балетска генерација во Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко обликување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален и современ израз.

Улоги
  • Гитана (М. Равел, „Болеро“),
  • Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“),
  • Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) и др.
Кореографии
  • Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев),
  • „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица),
  • „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads