Олга Панкина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Олга Панкина
Remove ads

Олга Панкина (руски: Ольга Панькина) — популаризаторка на македонската култура во Русија, македонистка, преведувачка, поетеса и сликарка.

Кратки факти Олга Панкина, Занимање ...

Животопис

Олга Панкина студирала на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (1975-1980) и е филолог и стручњак за словенски јазици и литератури. Била на подолго стажирање во МАНУ. Дипломската теза ја подготвила со научно менторство на академик Блаже Конески. Од 2007 до 2011 предава македонски јазик во Меѓународниот словенски институт и во Академијата за словенски култури во Москва. Сега ја води рубриката за Македонија во литературно-уметничкото списание „Меценат и свет“, кое се издава во Москва. Во 2010 година jа формирала невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва. Оттогаш, како претседателка на овој центар, таа активно и успешно ги презентира македонските културни вредности во Руската Федерација. Иницира и веќе над 10 години го реализира во Русиjа значаjниот проект „Читаj jа Македониjа!”. Членка е на Московската градска организација на Друштвото на писателите на Русија, на Сојузот на преведувачите на Русија, на Московското литературно друштво МОССАЛИТ, на Друштвото на ликовните уметници на Русија, (почесна) членка е на Друштвото на писателите и на Сојузот на литературните преведувачи на Република Македонија.

Remove ads

Библиографија

Олга Панкина пишува поезиjа и кратка проза на руски и на македонски jазик. Авторка е на следниве збирки:

  • „Предзимје“ (поетска збирка)
  • „Паралелни светови“ (поетска збирка)[1]
  • „Плисок“ (поетска збирка)[2]
  • „Меѓусебна потрага“ (поетска збирка)[3]
  • „Тапан на пат“ (поетска збирка)
  • „Сината птица“ (збирка раскази)

Има објавено повеќе од 80 научни реферати и статии од областа на македонистиката, како и книгите со есеи „Размислувања за литературата“ и „Македонската книжевност низ призма на преводот“. Панкина е авторка на повеќе статии за Македонија во разни руски списанија. Нејзиниот научен интерес лежи во доменот на современиот македонски јазик, лексикографијата, теоријата и практиката на преведување од и на словенски јазици. Авторка е на преводите на 78 посебни книги од македонски писатели, како и на преводите на творби (поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички) од 300 македонски писатели, претставени во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

Олга Панкина е авторка на проектот „Библиотека на литературата на Македонија“ – приредила, превела и обезбедила пари за печатење на следниве антологии:

  • „Македонски раскази“ (2009, застапени 50 македонски раскажувачи)
  • „Современа македонска драма“ (2010, застапени 8 драматурзи)
  • „Современа македонска поезија“ (2011, застапени 64 поети)

Панкина е авторка и на значајниот проект „Македонскиот роман на 21 век“, кој го реализира во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература „Рудомино“. Ова се првите седум романи од оваа едиција:

Таа е преведувачка на руски на антологиите од проектот „135 тома македонска книжевност“ (вкупно осум книги, 5.000 страници). Има преведено 23 драми од македонски автори. Во својот преведувачки опус, Панкина ги вклучи и своите преводи на следниве прозните дела:

Олга Панкина има впечатлив преведувачки опус и од областа на македонската поезија. Ги има преведено од македонски јазик на руски следниве поетски збирки:

Remove ads

Награди

Олга Панкина е добитничка на голем број награди и признанија, меѓу нив се следниве:

Во 2025 година на Олга Панкина во Русиjа ѝ е доделена државната награда медал „Пушкин“[8] за неjзиниот значаен придонес во развоjот на културните односи меѓу Руската Федерациjа и Република Македониjа.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads