Висока Маала

село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia

Висока Маалаmap
Remove ads

Поглед кон Висока Маала

Кратки факти

Висока Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Старата училишна зграда.
Thumb
Новата зграда на ОУ „Атанас Нивичански“
Thumb
Џамија
Thumb
Стари гробишта

Висока Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот високопланински дел на Струмичка Котлина, во источниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 19,6 км2. Од нив 1819,9 хектари се шуми, 116,5 хектари се обработливо земјиште и 21,3 се пасишта[2]

Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 20 семејства и 55 жители Турци[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 185 жители Турци[4].

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Висока Маала била вклучена во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

Според тековната територијална организација, селото припаѓа на Општина Василево.

Remove ads

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]

Во 1961 година селото имало 342 жители. Во 1994 година во селото живееле 410 Турци[2].

На пописот од 2002 година, селото имало 497 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 0
Турци 495
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 2

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долно Лисиче има 697 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 0
Албанци 0
Турци 697
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Институции и знаменитости

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Нивичино.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 430 гласачи.[8]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads