Варварица
село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Варварица — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Remove ads
Географија и местоположба
Варварица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточната падина на планината Смдрешник, во најзападниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Конче. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.
Надморската височина во селото е 789 метри додека селото зафаќа површина од 8,2 км2. Од нив 517,2 хектари се шуми, 167,2 хектари се обработливо земјиште и 34,4 се пасишта[2]
Селото се граничи со Седларци, Требичино, Вељуса, Горни Липовиќ, Папавница.
Remove ads
Историја
Отоманско Царство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 8 семејства и 35 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители Македонци[3][5]. Во 1895 година во селото била формирана Евангелска заедница[6]. Според Пејо Јаворов, во 1897 година во селото престојувал Гоце Делчев, кој агитирал низ населението за да се вклучи во борбата против османлиската власт[6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 18 македонски протестанти[3][7].
По започнувањето на Балканските војни, од селото 1 лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
Југославија
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. На 27 октомври 1944 година во Варварица бил формиран Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко, од избрани делегати на сите општински одбори во околијата. За претседател на Околискиот одбор бил избран Иван Палифров. По своето формирање Околискиот одбор раководел со работата на општинските одбори во Струмичко. Седиштето на одборот до 5 ноември 1944 година било во Варварица[6]. По крајот на Втората светска војна, Варварица било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Remove ads
Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Во 1961 година селото имало 176 жители. Во 1994 година во селото живееле 2 Македонци[2]..
На пописот од 2002 година, селото имало 2 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Денеска, селото е напуштено[11].
На табелата е прикажано движењето на населението низ сите пописни години:
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1796 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Требичино.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
- Традиционален марш до Варварица
Личности
- Димка Митева (р. 1946) — лексиколог, лексикограф и ономастичар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads