Радичево

село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia

Радичевоmap
Remove ads

Радичево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Дом на културата
Thumb
Црква „Св. Ѓорѓи“
Thumb
ОУ „Гоце Делчев“
Thumb
Спортско игралиште

Радичево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото пооминува патот Струмица-Радовиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.

Надморската височина во селото е 281 метри додека селото зафаќа површина од 8,7 км2. Од нив 426 хектари се обработливо земјиште, 322 хектари се шуми и 49 се пасишта[2]

Remove ads

Историја

Антички период

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Грамади. Претставува населба од доцноантичкото време. На 3 км југозападно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди[3].

Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 126 Македонци и 125 Турци[4][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][6].

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС[7]. По крајот на Втората светска војна, Радичево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Remove ads

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[8]

Во 1961 година селото имало 407 жители. Во 1994 година во селото живееле 582 луѓе, од кои 562 биле Македонци, 15 Турци и 5 Срби[2].

На пописот од 2002 година, селото имало 590 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]

Националност Вкупно
Македонци 575
Турци 12
Роми 0
Албанци 0
Власи 1
Срби 2
Бошњаци 0
останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Радичево има 386 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 332
Албанци 0
Турци 6
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 48

Родови

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

Македонски

  • Староседелци: Доневци и Тонетовци (8 к.), Минеовци (1 к.), и Станковци со Јовановци и Јаневци (7 к.)
  • Доселеници: Сушевски (8 к.) доселени се во XVIII век од селото Сушево кај Штип.

Турски

  • Доселеници: Реџеповци (4 к.), Мула-Асановци (4 к.) и Мемедовци (2 к.) стари доселеници; Хусеиновци (2 к.) доселени се од раселеното село Папино; Арифовци (1 к.) доселени се од раселеното село Џами Мале; Селимовци (1 к.) доселени се од раселеното село Аракли.[10]

Институции и знаменитости

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1798 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 511 гласачи.[12]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads