Општина Говрлево
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Говрлево, именувана и како Месен народен одбор Говрлево ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1947 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Говрлево за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Барово, Говрлево, Јаболци, Осинчани, Пуста Брезница, Света Петка и Чифлик. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]
1915-1918
Општина Говрлево продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Говрлево продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Барово, Говрлево, Јаболци, Осинчани, Пуста Брезница, Света Петка.[3][4][5]
1945-1947
Месниот народен одбор Говрлево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Барово, Говрлево, Света Петка, Чифлик.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала под Месен народен одбор Долно Соње.[7]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Говрлево имала 2,209 жители, односно вкупното население на Барово, Говрлево, Јаболци, Осинчани, Пуста Брезница, Света Петка и Чифлик.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Говрлево имала 2,137 жители. Според верската припадност, 1,414 биле православни, додека 723 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,414 биле Срби/Хрвати, додека 723 биле Албанци.[8][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Говрлево имала 2,501 жител, од кои 1,253 биле мажи, а 1,248 биле жени. Општината се состоела од 331 куќи и 335 домаќинства.[9]
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads