Општина Дејловце
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Дејловце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Дејловце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Дејловце, Длабочица и Осиче.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дејловце бил намален на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Арбанашко кој го добил селото Длабочица. МНО Дејловце тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дејловце не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Дејловце бил укинат на сметка на проширената Општина Арбанашко која ги добила селата Дејловце и Осиче.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Дејловце имал 505 жители, односно вкупното население на Дејловце и Осиче. Од таа бројка, 504 биле Македонци, додека 1 бил Србин.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads