Осиче (Кумановско)

село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia

Осиче (Кумановско)map
Remove ads

Осиче — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Осиче имало 5 жители, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

Осиче е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени

Родови во Осиче се: Миленковци (5 куќи) нивното потекло е од селото Опила, кривопаланечко. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 60 г. во 1971 година) Цветан-Величко-Миленко кој се доселил во селото. Миленко во Опила убил Турчин и се доселил во Осиче; Стојковци (1 куќа) отсекогаш имале едно домаќинство, доселени се однекаде; Јаудици (1 куќа) и они се доселени однекаде; Веселиновци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Црвен Град, Горна Пчиња; Арсеновци (1 куќа) доселени се однекаде; Дитковци (1 куќа) родот го основал домазет кој дошол од кривопаланечкото село Гулинци.[8]

Remove ads

Иселеништво

Иселеници има во кумановските села Лопате и Тромеѓа, како и во градот Куманово.[8]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads