Општина Арбанашко
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Арбанашко, именувана и како Месен народен одбор Арбанашко ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година. Центар на општината било селото Арбанашко.
Remove ads
Историја
1945-1952
Месниот народен одбор Арбанашко бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арбанашко, Буковљане, Рамно и Цветишница.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арбанашко бил проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Дејловце со неговото село Длабочица. Месниот народен одбор Арбанашко тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арнабашко не претрпел територијални промени.[3]
1952-1955
Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Арбанашко бил преименуван во Општина Арбанашко, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Дејловце со неговите села Дејловце и Осиче.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Арбанашко била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.[5]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арбанашко имал 1.373 жители. Од таа бројка, 1.311 биле Македонци, 61 бил Србин, додека 1 припаднал во графата останати.[6] Според пописот од 1953 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 1.883 жители. Од таа бројка, 1.716 биле Македонци, 162 биле Срби, додека 5 биле Роми.[7][8]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads