Општина Лабуништа

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Лабуништа
Remove ads

Општина Лабуништапоранешна рурална општина во Западна Македонија, создадена во 1996 година,[2] а престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Струга. Центар на општината било селото Лабуништа.[2]

Општина Лабуништа
денес дел од Општина Струга

Thumb

Местоположба на поранешната општина Лабуништа.
Thumb Thumb
Знаме Грб
Општи податоци
СедиштеЛабуништа
Површинан.п. км2
Демографија
Население8.935[1] жит.
Густинан.п. жит./км2
Населени места
Самоуправа
Градоначалникн.п.
Совет9 члена
Контактни податоци
Remove ads

Населени места

Во Општина Лабуништа спаѓале следниве села: Бороец, Лабуништа, Подгорци и Ташмаруништа.

Демографија

Според пописот од 2002 година, општината имала 8.935 жители. Според пописот од 2002 година, најголема етничка група биле Албанците (Македонци-муслимани)[1]:

етничка група припадници
Македонци 1.149
Албанци* 4.935
Турци* 1.618
Роми 3
Власи 8
Срби 1
Бошњаци 72
останати 1.149
Забелешка: Населението е претежно составено од Македонци-муслимани кои поради политичко-религиски причини се изјасниле како Албанци или Турци.

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[1]:

јазик говорници
македонски 7.696
албански 1.017
турски 102
српски 3
босански 1
останати 116

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[1]:

религија следбеници
православни 783
муслимани 8.061
католици 3
протестанти 1
останати 87
Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads