Ташмаруништа

село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Ташмаруништаmap
Remove ads

Ташмаруништа — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото Ташмаруништа

Селото лежи во Струшкото Поле од десната страна на реката Дрим во подножјето на планината Караорман.

Историја

На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Во 2011 година Електрани на Македонија разработила проект да гради хидроцентрала на езерото Глобочица. Пумпно-реверзибилната хидроцентрала Ташмаруниште, чија инсталирана моќност треба да биде вкупно 225 мегавати, ЕЛЕМ планирала да ја користи за балансирање на енергијата. Се проценува дека оваа електрана годишно би произведувала 231 гигават-часови електрична енергија, со можност итно да обезбеди струја во следните 20 часа од вклучувањето.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ташмаруништа живееле 470 жители, од кои 400 Македонци и 70 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ташмаруништа имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Таш-Моруништа е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 210 жители, од кои 209 Македонци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 173 жители, од кои 166 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Ташмаруништа е македонско село.

Доселеници: Магаревчани или Крстановци (10 к.) доселени се од селото Магарево, Битолско. Од овој род потекнувал Ставре Крстаноски, селски учител од пред крајот на турското владеење; Великарди (3 к.) доселени се од некое место во Црна Гора; Тоски (7 к.) доселени се од некое место во јужна Албанија; Уруми (5 к.) доселени се од некое место во денешна Грција; Огњановци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Сулевци (2 к.) и Зенговци (2 к.) потекнуваат од муслимански Роми, кои се женеле за две православни сестри (Македонки).[13]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староседелци: Петревци (9 к.), Трајчевци (6 к.) и Огненовци (9 к.)
  • Доселеници: Костовци (11 к.) по преданието се Црногорци. Пред повеќе од 260 избегале од Црна Гора поради крв, најпрво во Матија во Албанија. Па од таму 50 години потоа се доселиле во Ташмаруништа; Уруми или Столевци или Марковци (15 к.) доселени се после претходниот род од некое место во Грција; Тоски или Јаковчевци (5 к.) доселени се пред околу 200 години од околината на Корча во јужна Албанија, по кое и го добиле името Тоски; Чупевци (1 к.) доселени се од селото Глобочица, каде припаѓале на родот Мечкаровци.[14]
Remove ads

Општествени установи

Цркви[15]

Познато е по вредните црковни храмови како што се црквата „Св. Архангел Михаел“ стара повеќе од 150 години и ранохристијанската базилика „Св. Мартинија“.[16]

Remove ads

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[17]
  • Главје — средновековна населба и топилница,
  • Градиште — утврдена населба од римско време,
  • Млака — сакрален објет и некропола од доцноантичко време,
  • На Чука — сакрален објект од доцнохристијанско време,
  • Св. Димитриј — сакрален објект од доцноантичко време,
  • Св. Мартиниј — сакрален објект од доцноантичко време.

Редовни настани

Личности

Родени
  • Ристо Тасев (? - 1903) — војвода на селската чета во Ташмаруништа на ВМОРО, загинува на 4 август за време на Илинденското востание, заедно со својот брат Наум во бој со турската војска[18].
  • Цветко Тасев (? - 1906) — македонски револуционер од ВМОРО
  • Иван Василоски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
  • Глигур Тасев Крстаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Андрија Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Симун Несторовски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Богдан Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Петко Столески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Спасе Стрезов Трајкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Климо Цветаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
Починати
  • Пантелеј Томовски (1872 - 1936) — македонски револуционер

Култура и спорт

  • ФК Ташмаруништа
  • Забавен и спортски парк „Св. Василија“

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads