Општина Мршевци
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Мршевци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Мршевци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Грушино, Бучинци и Мршевци.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Мршевци ги загубил селата Грушино и Бучинци на сметка на новиот МНО Бучинци, но ги добил селата Дељадровци и Текија, на сметка на укинатиот МНО Дељадровци. МНО Мршевци тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Мршевци бил проширен со селата Грушино и Бучинци, на сметка на укинатиот МНО Бучинци, како и на сметка на укинатиот МНО Миладиновци со селото Бујковци.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Мршевци бил укинат на сметка на проширената Општина Бунарџик која ги добила селата Бујковци, Бучинци, Дељадровци, Мршевци и Текија, како и на сметка на проширената Општина Синѓелиќ која го добила Грушино.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Мршевци имал 960 жители, односно вкупното население на Дељадровци, Мршевци и Текија. Од таа бројка, 548 биле Македонци, 253 биле Срби, 139 биле Турци, 18 биле Албанци, 1 бил Бугарин, додека 1 бил припаднал во графата „останати и непознато“.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads