Грушино
село во Општина Арачиново From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грушино — село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора.
Топонимија
Низ атарот на селото денес се среќаваат следниве топоними:
Арачински Пат, Грушин Пат, Дрма, Друм, Корија, Луѓе, Мас Лиса, Недри Прој, Никушток Пат, Рамниште, Селиште, Стари Лисе, Стари Лозја, Умин Дол, Шпат Лисе, Шулан.[2]
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 101 мажи муслимани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 228 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 178 жители.[4]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Брушница живееле 150 Арнаути муслимани[5].
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Бунарџик и има 399 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]
Remove ads
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грушино живееле 150 жители, сите Албанци.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.128 жители, од кои 1.126 Албанци и 2 останати.[9]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:
Родови
Грушино е албанско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото:
- Доселеници: Рукол (27 к.) најстар селски род. Нивното потекло е од фисот Соп во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Абдула (жив на 32 г. во 1963 година) Јакуп-Камбер-Мамут-Јакуп-Мамут-Асан, основачот на родот кој се доселил. Асан имал четири синови, Беќир, Селим, Мамут и Ебип; Имишт (28 к.) доселени се после претходниот род. Нивното потекло е од фисот Бериш во северна Албанија. Ја знаат следната гененологија Садик (жив на 50 г. во 1963 година) Рушит-Алија-Рушит-Дурак-Али Топал. Имаат роднини во селото Липково; Везњан (10 к.) доселени се после претходните родови. потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Коџобеј (11 к.) најмлади доселеници. доселени се во првата половина на XIX век. Потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија.[10]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Грушино има 883 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 2 |
Албанци | 854 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 27 |
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2340 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[11]
Иселеништво
Албански иселеници од ова село има во Турција (13 семејства) и во Скопје. Иселениците во Турција живеат во Истанбул, Јени-Кол и во Бурса.[10]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads