Општина Синѓелиќ

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Синѓелиќ, именувана и како Општина Асанбегово и Месен народен одбор Синѓелиќ ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Асанбегово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Асанбегово, Инџиково, Маџари, Рукомија, Стајковци и Трубарево. Општината била дел од Скопски Срез, Скопски Округ.[1]

1915-1918

Општина Асанбегово продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Асанбегово (подоцна под името Општина Синѓелиќ) продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Асанбегово/Синѓелиќ, Душановац, Инџиково, Стајковци и Трубарево.[3][4][5]

1945-1955

Месниот народен одбор Синѓелиќ бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Инџиково, Синѓелиќ и Стајковци.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Синѓелиќ го добил селото Страчинци, на сметка на намалениот МНО Арачиново. Истовремено, МНО Синѓелиќ припаднал под новата Скопска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Синѓелиќ останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Синѓелиќ ги добила селата Арачиново, Брњарци, Мојанци, Орланци, на сметка на укинатиот МНО Арачиново. Истовремено, Општина Синѓелиќ ги добила селата Булачани, Виниче и Црешево, на сметка на укинатиот МНО Црешево. Тогаш, општината го добила селото Грушино, на сметка на укинатиот МНО Мршевци.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Синѓелиќ била укината на сметка на новата Општина Саат Кула која ги добила селата Арачиново, Брњарци, Инџиково, Мојанци, Орланци, Синѓелиќ, Стајковци и Страчинци, на сметка на обновената Општина Бутел која ги добила селата Булачани и Црешево (и Виниче), како и на сметка на проширената Општина Петровец која го добила селото Грушино.[10]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Асанбегово имала 880 жители, односно вкупното население на Асанбегово, Инџиково, Маџари, Рукомија, Стајковци и Трубарево.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Асанбегово имала 798 жители. Според верската припадност, 532 биле православни, додека 265 биле муслимани. Според јазичната припадност, 673 биле Срби/Хрвати, 66 биле Албанци, 19 биле Турци, 1 бил Чехословак, додека 39 лица припаднале во графата „останати и непознато“.[11][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Синѓелиќ имала 924 жители, од кои 481 биле мажи, а 443 биле жени. Општината се состоела од 137 куќи и 162 домаќинства.[12]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Синѓелиќ имал 1,892 жители, односно вкупното население на Инџиково, Синѓелиќ, Стајковци и Страчинци. Од таа бројка, 737 биле Македонци, 773 биле Албанци, 160 биле Роми, 129 биле Срби, 79 биле Турци, 6 биле Црногорци, 5 биле Бугари, 2 биле Хрвати, додека 1 бил Унгарец.[13]

Според пописот од 1953 година, Општина Катланово имала 6,878 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Виниче, Грушино, Инџиково, Мојанци, Орланци, Синѓелиќ, Стајковци, Страчинци и Црешево. Од таа бројка, 3,656 биле Македонци, 1,851 биле Турци, 956 биле Албанци, 237 биле Роми, 116 биле Срби, 6 биле Црногорци, 1 бил Хрват, 18 биле непределени Југословени, 8 биле останати Словени, додека 29 лица припаднале во графатата останати несловени.[14][15]

Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads