Дељадровци

село во Општина Илинден From Wikipedia, the free encyclopedia

Дељадровциmap
Remove ads

Дељадровци — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје и седиште на Дељадровско-илинденска епархија на МПЦ - ОА.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Делихферли и било христијанско, каде имало 34 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 126 мажи христијани, со 18 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 532 жители, од кои 520 Македонци и 12 Срби.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 535 жители, од кои 499 Македонци, 2 Албанци, 17 Срби, 7 останати и 10 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Дељадровци е мешано православно село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се. Со доселеници од разни страни.

  • Доселеници од разни места во Македонија: Јовчевци (5 к.) најстар селски род. Доселени се пред околу 180 до 190 години од селото Стањевци во Овче Поле; Марковци (2 к.), Сташовци (5 к.) и Мартиновци (3 к.) доселени се од некое сега албанско село во Кумановска Црна Гора. Во родот Марковци го знаат следното родословие: Величко (жив на 80 г. во 1953 година) Коле-Марко, основачот на родот кој се доселил; Мицевци (2 к.) и Витановци (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино во Овче Поле; Колевци (1 к.) доселени се од селото Ранковце во Кривопаланечко; Јачменовци или Трајановци (1 к.) доселени се од селото Бајловце; Денковци (1 к.) и Милевци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Кокино; Кочка (1 к.) доселени се од селото Герман; Кирјановци (1 к.) доселени се од селото Радибуш во Кривопаланечко; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Милутинце во Кривопаланечко; Димитријевци (1 к.) доселени се од селото Трново во Кривопаланечко; Крстевци (1 к.) доселени се од селото Нерав во Кривопаланечко.
  • Доселеници од Србија: Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Шумата Трница во Горна Пчиња; Шкембаровци (2 к.) доселени се од селото Трнава кај Прешево. Денес тоа село е албанско, овде живеат од турско време; Милојковци (1 к.) доселени се во 1935 година од Књажевац; Милојевци (1 к.) доселени се од околината на Крушевац.
  • Доселеници од разни страни: Бачевци (2 к.) доселени се во турско време од некое место во Грција; Мишевци (7 к.) ги викаат и Албанци. Доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во селото Орах.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Манастири
Цркви[12]
  • „Св. Ѓорѓи“ — главната манастирска црква на Дељадровскиот манастир;
  • „Рождество на Пресвета Богородица“ — црква во Дељадровскиот манастир;
  • „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ — црква во Дељадровскиот манастир;
  • „Св. Петка и Св. Недела“ — црква во Дељадровскиот манастир;
  • „Св. Злата Мегленска“ — црква во Дељадровскиот манастир;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

  • ФК Дељадровци

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads