Општина Страцин

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Страцин, именувана и како Месен народен одбор Страцин ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година. Центар на општината било селото Страцин.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1945-1952

Месниот народен одбор Страцин бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, a негово единствено составно населено место било селото Страцин.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Страцин останал територијално непроменет. МНО Страцин тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Страцин не претрпел територијални промени.[3]

1952-1955

Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Страцин бил преименуван во Општина Страцин, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Димонце со неговите села Димонце, Куклица и Пендак и на сметка на укинатиот Месен народен одбор Крилатица со неговите села Крилатица, Талашманце и Трновац.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Страцин била укината и еден дел од нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Клечевце која ги добила селата Димонце, Пендак и Страцин, додека проширената Општина Кратово ги добила селата Крилатица, Куклица, Талашманце и Трновац.[5]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Страцин имал 1.203 жители. Од таа бројка, 1.191 бил Македонец, 1 бил Србин, 9 биле Роми, 1 бил Турчин, додека 1 бил Црногорец.[6]

Според пописот од 1953 година, Општина Страцин имала 4.187 жители. Од таа бројка, 4.136 биле Македонци, 17 биле Срби, 6 биле Црногорци, 6 биле Хрвати, 14 биле Роми, 4 биле Турци, 1 бил Албанец, 2 биле неопределени Југословени, додека 1 бил заведен во графата останати Словени.[7][8]

Повеќе информации Година, Населено место ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads