Општина Стрезовце
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Стрезовце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Стрезовце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Војник, Облавце и Стрезовце.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане не претрпел територијални промени. МНО Стрезовце тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Стрезовце бил укинат на сметка на новиот МНО Облавце кој ги добил селата Облавце и Стрезовце, додека проширениот МНО Младо Нагоричане го добил Војник.[3]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Стрезовце имал 1,065 жители, односно вкупното население на Војник, Облавце и Стрезовце. Од таа бројка, 1,040 биле Македонци, 13 биле Власи, 7 биле Роми, 4 биле Срби, додека 1 бил Турчин.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads