Облавце
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Облавце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Облавце имало 124 жители, од кои 123 Македонци и 1 Србин.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 111 жители, од кои 95 Македонци и 16 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Облавце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Чолачанци (8 к.), Тутушанци (5 к.), Бароњци (4 к.), Бајагинци (4 к.), Стамболци (3 к.), Арсеновци (2 к.), Портарци (2 к.), Ралевци (2 к.), Печењаци (7 к.), Лукарци (4 к.) и Жерци (2 к.) некои од наведените родови се староседелски, а други се доселени со непознато потекло.
- Доселеници со познато потекло: Шопци (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Нагоричанци (1 к.) доселени се од Нагоричане; Долинци (2 к.) доселени се од селото Коинце, подалечно потекло од некаде од Србија; Антинци (5 к.) доселени се од селото Аљинце; Николајци (4 к.), Дудманчанци (2 к.) и Дренчанци (1 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Карадачанци (1 к.) и Чифлиџанци (1 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Радибужчанци (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Мајорци (1 к.) доселени се од селото Арбанашко.[9]
Remove ads
Иселеништво
Иселеништвото почнало со посилен интензитет веднаш по Втората светска војна. Воглавно во селото останувало постарото население со преку 50 години, додека помладите почнале да се иселуваат.
Постари иселеници има во Долно Коњаре (Боне), Миладиновци (Тодоровски).[9]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads