Оризари (Воденско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оризари (Воденско)map
Remove ads

Оризари (грчки: Ριζάρι, Ризари) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 382 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2]

Кратки факти Оризари Ριζάρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на Солунското Поле, 7 км јужно од градот Воден. крај главниот пат од Воден за Солун. Лежи на надморска височина од 80 м, атарот зафаќа 13 км2 исклучително продуктивно земјиште кое се користи претежно за овоштарство.

Thumb
Улица во Оризари

На крајот на XIX век Оризари било чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ свели дека во 1873 г. Оризаре (Orizaré) имало 35 куќи со вкупно 160 жители Македонци.[3][4] Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. бележи 210 Македонци[3][5] и 90 Роми[2]

Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Оризари (Orizari) имало 128 Македонци[3] под патријаршијата и работело грчко училиште.[6]

Во септември 1910 г. селото настрадало при разоружувачката акдија на младотурците. На селаните им биле одземени 8 пушки „Гра“, шестмина се уапсени и одведени во Вртикоп, а на месната учителка ѝ било забрането да предава доколку не сака да зема државна плата.[7]

Во Првата балканска војна селото го окупирала грчка војска, која вршела грабежи и други ѕверства врз месното население.[8] Со Букурешкиот договор во 1913 г. Оризари станало дел од грчката држава, кога населението броело 148 жители.[2] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 20 македонски и 5 ромски куќи.[2] Дел од македонското население се иселило, по што на негово место во 1924 г. се доселени 172 Грци од Понд и Кавказ, менувајќи го етничкиот состав[2]. Доселувањето на бегалци од тие краишта продолжило, па во 1928 г. во Оризарион се заведени 492 жители од мешано потекло, од кои 59 бегалски семејства со 247 члена.[9] Во 1940 г. се евидентирани 753 луѓе, од кои 253 Македонци и 500 доселеници.[2]

Во Втората светска војна Оризари е окупирано од Бугарите и воспоставена е општинска власт.[10] Селото прилично настрадало во оваа, како и во Граѓанската војна, но и покрај загубите во 1951 г. населението броело 842 жители.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Оризари, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство

Оризари важи за мошне богато село бидејќи произведува големи количества на праски, јаболка и круши[2] како и киви. Ова се должи на фактот што селото е сместено сред поле, и речи иселото земјиште наоколу се наводнува.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads