Орман (Охридско)
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орман — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Remove ads
Географија и местоположба

Лежи на источните падини на ридот Чекоштина. Се наоѓа на околу 2,5 км северозападно (воздушна линија) од средиштето на Охрид. Северно од Орман е Долно Лакочереј кое е оддалечено околу 2 км (воздушна линија). На северозапад е Подмоље на 3,6 км далечина во воздушна линија. Од Охридско Езеро оддалечено е околу 1,8 км во воздушна линија.
Историја
Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство

Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 50 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орман имало 88 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орман е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 11 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Според пописот на населението во Македонија од 2002 година, селото има 104 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 119 жители, од кои 106 Македонци, 2 Албанци и 11 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Орман е македонско село.
Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:
- Доселеници: Тодоровци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Оровник, го знаат следното родословие: Никола (жив на 67 г. во 1978 година) Димо-Тодор, основачот на родот кој се доселил, тоа било во 1880 година; Стојановци (10 к.) доселени се од селото Косел; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се од селото Завој; Трајковци (1 к.) доселени се од селото Куратица; Балазовци (1 к.) доселени се од селото Велмеј, Дебрца; Николовци (3 к.) доселени се во 1933 година од селото Косел; Ристевци (3 к.) доселени се во 1934 година од селото Речица; Трајчевци (3 к.) доселени се од селото Коњско; Младеновци (2 к.) и Ничевци (1 к.) доселени се од селото Коњско после Втората светска војна; Неделковци (1 к.) доселени се од селото Куратица после Втората светска војна; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Свиништа после Втората светска војна.[12]
- Стара градба во северниот дел на селото
- Стара куќа во средишниот дел на селото
- Куќа во средишниот дел на селото
- Стара куќа во средишниот дел на селото
- Стара куќа во средишниот дел на селото
- Стара куќа во средишниот дел на селото
- Стара куќа во средишниот дел на селото
- Куќа во јужниот дел на селото
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости


- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Маалски Рид — населба и некропола од римското време;
- Мауцкер — градска населба од хеленистичкото време од IV век п.н.е;[14]
- Орман — населба од младото камено време и некропола од римското време
- Чекоштина — некропола од доцноантичкото време;
- Реки
- Опеничка Река - позната и како Коселска Река или Даљан
Remove ads
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Но и покрај тоа што во селото се забележувало доселување од околните села. Тоа сепак и дало иселеници. До 1980 година иселеници има во Охрид (две семејства) и во Австралија (четири семејства).[12]
Галерија
- Влезот на Орман преку источниот пат кој го поврзува Орман со Охрид.
- Месната заедница
- Северниот дел на селото
- Северниот дел на селото
- Сокак во средишниот дел на селото
- Сокак во средишниот дел на селото
- Сокак во средишниот дел на селото
- Сокак во јужниот дел на селото
- Блиска панорама од запад
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads