Речица (Охридско)
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Речица — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
За други истоимени места, погледајте Речица.
Remove ads
Потекло на името
Селото најпрвин запишано како Речица се сретнува во 1300 година. Се верува дека името потекнува од деминитувната форма на река, „речица“.[2]
Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во повисокиот источен дел на Општина Охрид, недалеку од патот Охрид-Ресен.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 22 километри.[3]
Речица влегува во особено планинските села. Се наоѓа во изворишниот дел на Коселска Река. Околни села се: Свиништа на југ и Плаќе на исток. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Маркои Кули, Ветница, Мала Река, Рашанец, Стогово, Мокреш, Кали Падина, Осој, Мазатар и други.[4]
Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови.[4]
Речица се наоѓа во подножјето на планината Мазатар, која е дел од Плакенска Планина. Селото се наоѓа на присој и по цел ден е изложено на сончевите зраци, а од друга страна високите планини го штитат од струењето на ветровите.
До селото води асфалтен пат.[5]
Remove ads
Историја
Селото отсекогаш се наоѓало на истото место, но сепак нема податоци за тоа кога е основано. Постои предание дека селото секогаш било едно од најмалите села во областа.[4]
Во XIX век, Речица било село во Охридската каза на Отоманското Царство.
Во текот на Илинденското востание, на теренот околу Речица се повлекле значителен број на жители од околните населби. Меѓутоа, нивната положба била откриена на Турците од страна на мештанинот Велјан Славески.[6] Биле погубени во месноста Рашанец, за што подоцна била испеана и народна песна.[4]
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 694 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 199 хектари, а на пасиштата само 14 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство. Биле одгледувани различни земјоделски култури, но земјиштето не било плодно.[4]
Во селото Речица работат повеќе валавници.[7] Исто така, во селото има фарма со кози.
Remove ads
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речица живееле 120 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Речица имало 96 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[11]
Селото е мало и во фаза на наполно раселување, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 281 жител, додека во 1994 година бројот се намалил само на 5 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Речица живееле 5 жители, сите Македонци.[12]
Во 2013 година, селото имало само 1 жител преку текот на целата година.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
Речица е чисто македонско православно село. Родовите во селото се сите доселенички. Во Речица сега има само 3 рода.[4]
Родови во Речица се: Славевци (2 к.), Ристевци (2 к.) и Крчевци (2 к.), сите родови се доселенички со непознато место на старина. Од родот Славевци бил Велјан Славески кој за време на Илинденското востание ги предал комитите на Турците, по што се случил масакрот во Рашанец.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[17]
- Староседелци: Дервишовци или Здравевци (19 к.), Ѓоревци или Недановци со Ристевци (9 к.), Јолевци или Мојсовци и Наумовци или Славевци (10 к.).
Remove ads
Општествени установи

- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото покрај селото Речица, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Косел, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Речица, во која влегувале селата Плаќе, Речица и Свиништа.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1342 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект во селото Свиништа.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 97 гласачи.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[20]
- Задружни штали — некропола од железното и римско време;
- Ковче-Падина — средновековна црква и некропола;
- Лозишта — депо на бронзен накит од железното време;
- Манастириште — средновековна црква; и
- Полчани — средновековна населба.
- Цркви[21]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1370 година и прогласена за заштитен споменик на културата; и
- Црква „Св. Кузман и Дамјан“ — понова црква изградена во селото.
- Реки[22]
- Мокреш — мала река која тече низ селото
- Споменици
- Спомен-чешма на паднатите борци од селото во НОБ
- Споменик на војводата Аргир Маринчев
Remove ads
Редовни настани
- Слави
- Ѓурѓовден (6 мај) — црковна слава, која се одбележува кај главната селска црква; и
- Свети Врачи (14 ноември) — слава кога се дава ручек за гостите во новоизградената црква.
Личности
Иселеништво
Во периодот меѓу двете светски војни, од селото немало голем број на иселеници. Меѓутоа, по Втората светска војна имало значителен одлив на населението. Иселеници има во селата Орман (Ристески, 3 к.), Горно Лакочереј (Славевци, 4 к. , Речковци, 2 к.) и Долно Лакочереј (Крчевци, 5 к. и Речковци, 6 к.), а иселеници има и во градот Охрид.[4]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads