Тромеѓа (село)
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тромеѓа — село во Општина Куманово на растојание од 4 км од градот Куманово.
Remove ads
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[2]
Во 2002 година во селото живееле 1.298 жители, од кои 692 Македонци, 604 Срби и 2 останати.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.187 жители, од кои 757 Македонци, 1 Влав, 389 Срби, 6 останати и 34 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Тромеѓа е мешано село
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Српски
- Стрике (4 к.) доселени се од селото Плашко во Лика (Хрватска). Свилари (2 к.) и Ханиќи (1 к.) доселени се од селото Пеќана во Лика. Крајиновиќи (2 к.) доселени се од селото Читлук во Лика. Мандиќи (1 к.) доселени се од селото Јошани во Лика. Ралиќи (1 к.) доселени се од селото Мочила во Лика. Сите се познати под името Личани.
- Дојчиновиќи (3 к.), Манчиќи (1 к.) и Костиќи (1 к.) доселени се од селото Завој кај Пирот. Симоновиќи (3 к.) доселени се од селото Вучје кај Пирот. Сите се познати и под името Пироќани.
- Ѓорѓевиќи (3 к.) доселени се од Големо Села кај Врање. Симиќи (2 к.) доселени се од селото Лукарце кај Врање. Познати се и под името Врањанци.
- Стајиќи (5 к.), Павловиќи (3 к.), Пауновиќи (2 к.), Милковиќи (2 к.) и Козједољани (12 к.) доселени се од Козји Дол во Горна Пчиња. Станојковиќи (3 к.) доселени се од селото Јабланце во Горна Пчиња. До овде наведените српски родови се доселени помеѓу 1920/23 г.
- Козједолчани (80 к.) доселени се од Горни и Долни Козји Дол во Горна Пчиња во текот на Втората светска војна и подоцна.
Македонски
- Таневски (6 к.) доселени се од селото Суви Дол близу Страцин кај Кочани. Јовановски (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка. Тасиќи (7 к.), Величковиќи (4 к.), Младеновски (3 к.) и Димитријевски (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Козјачани (13 к.) доселени се од селата на планината Козјак. Паланчани (13 к.) доселени се од разни села во Кривопаланечко.[9]
Remove ads
Општествени установи
Спорт
Во селото игра фудбалскиот клуб „Победа“, основан во 1977 г. Има играно во Третата лига — Север. Моментално учествува во Општинската фудбалска лига Куманово.
Редовни настани
Личности
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads