Отворено првенство на Австралија 2017
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Отвореното првенство на Австралија 2017 — тениски турнир одржан во Мелбурн Парк помеѓу 16–29 јануари 2017.[1] Турнирот бил 105. издание од Отвореното првенство на Австралија, и прв Гренд слем во годината. Турнирот се состоел од натпревари помеѓу професионални играчи во три конкуренции: поединечно, двојки и мешани двојки.
Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер биле бранители на титулите, но ниту еден од нив не успеал повторно да дојде до титулата; Ѓоковиќ бил поразен во второто коло од Денис Истомин, додека пак Кербер загубила од Коко Вандевеј во четвртото коло.
За првпат по Отвореното првенство на Франција 2004, првите носители во машка и женска конкуренција, Енди Мари и Анжелик Кербер, загубиле пред четвртфиналето. Роџер Федерер ја освоил својата 18. Гренд слем титула во кариерата победувајќи го Рафаел Надал во финалето во пет сета - и прва Гренд слем титула по 2012 година. Серена Вилијамс била подобра од својата сестра Венус Вилијамс во женското финале, надминувајќи ја Штефи Граф со што станала тенисерка со најмногу освоени Гренд слем титули (23) во отворената ера.
Како и во претходните години, главен спонзор на турнирот бил Киа.
Remove ads
Турнир
Отвореното првенство на Австралија 2017 се одржало во Мелбурн Парк во Мелбурн, Викторија, Австралија.
Турнирот бил раководен од меѓународната тениска федерација (ITF) и бил дел од календарите на АТП и ВТА турнирите под категоријата Гренд слем. Турнирот се состоел од машки и женски натпревари во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки, како и натпревари во мешани двојки. Покрај турнирите во сениорска конкуренција, биле одржани и турнири во јуниорска конкуренција (играчи под 18 години), и турнири во тенис со инвалидски колички.
Турнирот се играл на тврда подлога на вкупно 25 терени, вклучувајќи ги најголемите три: Род Лејвер Арена, Хајсенс Арена и Маргарет Корт Арена.[2]
Remove ads
Распределба на бодови и паричен фонд
Распределба на бодови
Паричен фонд
Вкупниот паричен фонд на Отвореното првенство на Австралија 2017 бил зголемен за 14% на рекордни 50,000,000 австралиски долари.
Дисциплина | Победник | Финале | Полуфинале | Четвртфинале | 4.коло | 3. коло | 2. коло | 1. коло | 3. кв. коло | 2. кв. коло | 1. кв. коло |
Поединечно | A$3,700,000 | A$1,900,000 | A$900,000 | A$440,000 | A$220,000 | A$130,000 | A$80,000 | A$50,000 | A$25,000 | A$12,500 | A$6,250 |
Двојки * | A$650,000 | A$325,000 | A$160,500 | A$80,000 | A$40,000 | A$23,000 | A$14,800 | Н/П | Н/П | Н/П | Н/П |
Мешани двојки * | A$150,500 | A$75,500 | A$37,500 | A$18,750 | A$9,000 | A$4,500 | Н/П | Н/П | Н/П | Н/П | Н/П |
*по тим
Remove ads
Список на носители
Ова се играчите носители и играчите кои го откажале учеството. Носителите се поставени според рангирањето на АТП и ВТА листите на 9 јануари 2017 година, додека пак претходни бодови се бодовите кои играчите ги имале на 16 јануари 2017 година.
Мажи поединечно
Жени поединечно
Откажани играчи
Remove ads
Шампиони
Сениори
- Мажи поединечно
Роџер Федерер против
Рафаел Надал, 6–4, 3–6, 6–1, 3–6, 6–3
- Жени поединечно
Серена Вилијамс против
Венус Вилијамс, 6–4, 6–4
- Машки двојки
- Женски двојки
- Мешани двојки
Абигејл Спирс /
Хуан Себастијан Кабал против
Санија Мирза /
Иван Додиг, 6–2, 6–4
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads