Симона Халеп
романска тенисерка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Симона Халеп (родена на 27 септември 1991, во Констанца) — романска тенисерка и поранешен светски број еден, која во досегашната кариера има освоено два гренд-слем трофеи.
Таа го привлекла вниманието во сезоната 2013, во која освоила шест турнири. Истата година ја добила наградата за најперспективен играч во светот.
Халеп стигнала до финалето на Отвореното тениско првенство на Франција во 2014 година и загубила од Марија Шарапова во три сета, а во 2017 година играла во своето второ финале и повторно загубила во три сета, овој пат од Јелена Остапенко. Во својата кариера освоила дваесет и четири титули во поединечна конкуренција и една во двојки.
По неколку сезони на самиот врв на женскиот тенис, таа ја заврши сезоната 2017 како најдобра тенисерка во светот, а истото го сторила и во 2018 година. Таа е првата Романка кој станала број 1 на WTA листата во поединечна конкуренција.
Симона го освоила својот прв гренд-слем на Отвореното првенство на Франција во 2018 година победувајќи ја Слоун Стивенс од САД. Симона го освоила својот втор гренд-слем турнир на Вимблдон во 2019 година, со победа во финалето против Серена Вилијамс од САД.
Remove ads
Личен живот
Халеп почнала да игра тенис на четиригодишна возраст под влијание на нејзиниот татко Стерjo и постариот брат Никола.[2] Мајката Тања понекогаш патувала со својата ќерка на турнири. Нејзиното семејство се Власи по потекло од Македонија .[3]
Таа играла на сите видови подлоги и ги именувала Жастин Енен и Андреј Павел како нејзини тениски идоли.[4] Таа ја добила наградата Cetățean de onoare, почесен граѓанин на градот Букурешт, во 2018 година.[5]
Во септември 2021 година се омажила за Тони Јуруч, милијардер по потекло од Македонија.[6]
Remove ads
Стил на игра
Халеп игра со десната рака, од форхенд со една рака и со две раце од бекхенд.[7] Таа во текот на играта може да комбинира директни и шутеви со поголема ротација. Иако е висока само 168 см, нејзиниот сервис е многу конзистентен и може да стигне до 175 км/ч. Таа може да се окарактеризира како агресивен играч од основната линија.[8]
Жастин Хенин ја карактеризирала играта и стилот на Халеп на следниов начин:
Таа игра многу интелигентно. Има нешто кај неа што ме потсетува на мене... многу е офанзивна и агресивна.[9]
Remove ads
Тренери, стручен тим и опрема
Нејзиниот прв тренер бил Џон Стен, локален тениски тренер во Констанца.[10] Тренер на Халепова извесно време биле Адријан Марс,[11] Андреј Млендеа и Фирицел Томај.[12]
Во јануари 2014 година, Симона Халеп го ангажирала белгискиот тренер Вим Фисет, поранешен тренер на Ким Клајстерс и Сабина Лисицки.[13] На крајот од годината решила да ја прекине соработката со него[14] и го ангажирала романскиот тренер Виктор Јонит, додека Томас Хогштет ѝ бил консултант за обука на првите три турнири од годината.[15] Во ноември 2015 година, Халеп објавила дека Дарен Кејхил ќе биде нејзин тренер со полно работно време, почнувајќи од јануари 2016 година.[16] Работела со Кејхил до 2018 година и освоила една гренд-слем титула.[17] Почнувајќи од 2019 година нов тренер на Хелеп е Даниел Добре од Романија.[18] Нејзин менаџер е Виргинија Ружиќ.[19] Спаринг партнер на тренинзите ѝ е Тео Керзел.[20]
Халеп е спонзорирана од компанијата Најк, таа го потпишала договорот во февруари 2018 година. Пред тоа таа била спонзорирана од Адидас,[21] а пред мај 2014 година од француската компанија Лакост. Во ноември 2014 година, таа потпишала тригодишен договор со Водафон Романија.[22] Од 2017 година Халеп е амбасадор на брендот Mercedes-Benz за Романија.[23]
Јуниорска кариера

Помеѓу 2006 и 2010 година, Симона го посетувала спортското средно училиште „Николае Ротару“ во Констанца.[24] Во 2014 година дипломирала на Факултетот за физичка култура и спорт на Универзитетот „Овидиус“ во Констанца.[25]
На 13-годишна возраст го играла својот прв јуниорски турнир и постепено се пробила во јуниорска конкуренција. Во четвртфиналето на Австралија опен за јуниори во 2008, таа ја победила Анастасија Пављученкова, но потоа била поразена во полуфиналето од Џесика Мур. Во 2008 година, Халеп го освоила Отвореното првенство на Франција во јуниорска конкуренција.[26] Во финалниот меч ја победила сонародничката Елена Богдан со 2:1 во сетови.[27][28][29]
Remove ads
Професионална кариера
2008-2009 година
Таа дебитирала на најпрестижните турнири во 2009 година на Ролан Гарос. Во првото коло ја победила Михаела Крајичек, но во следното коло загубила од Виталиј Дијаченко.[30]
2010-2012 година
Симона Халеп значително напредила во својата кариера во 2010 година. На турнирот во Марбела, таа стигнала до четвртфиналето, каде што загубила од Флавија Пенета која била рангирана 16-та во светот и која подоцна станала шампионка на турнирот. Откако била елиминирана во првото коло во Барселона против Суарез Наваро, таа го доживеала најголемиот успех во кариерата досега. Како прва носителка се пласирала на турнирот во Фес, Мароко.[31] Таа последователно ги победила Луција Храдецка (8-ма носителка), Олга Савчук, Пати Шнидер (втора носителка) и Рената Ворачова, но го загубила финалето од Бенешова со 2:0 (6:4, 6:2).
На Ролан Гарос и УС Опен 2010 ги минала квалификациите, но била елиминирана уште во првото коло од Сем Стосур и Јелена Јанковиќ.[32]
Во Окленд на почетокот на следната сезона стигнала до четвртфиналето, но била елиминирана од Жанина Викмаер.
Големиот успех на Халеп на најпрестижните турнири бил на Австралија Опен во 2011 година. На само 20 години, таа стигнала до третото коло. Попатно ја исфрлила квалификантката од Луксембург, Ана Кремер со 6:3, 3:6, 6:2, 24, носителка од Русија, Клејбанова со 6:4, 7:6 (2), а била сопрена од Ага Радвањска со 6:1, 6:2.
На следните два гренд-слем турнири Халеп била елиминирана во 2-рото коло, и тоа во Париз од Стосур, а во Лондон од Серена Вилијамс.
Првата победа над ТОП 20 тенисерка ја постигнала на Роџерс купот, каде во првото коло играла против Кузњецова.[33] Меѓутоа, тој меч, кој траел повеќе од 2 часа, ја изморил Халеп и веќе во следната рунда била елиминирана од Шафарова. Првата победа над ТОП 10 тенисерка се случила само неколку недели по претходната голема победа. На УС Опен Халеп играла со На Ли, иако „влечела“ повреда од Канада. Халеп победила со 2:0, во сетови 6:2, 7:5. Таа загубила од Суарез Наваро во второто коло. Во тоа време веќе можело да се зборува за стилот на Халеп и за нејзината иднина, бидејќи во тие два меча од првото коло таа ги натерала своите далеку подобро рангирани противнички на 50, односно 54 неизнудени грешки.[34][35]
Резултатите во 2012 година не ѝ биле толку добри како на крајот од претходната сезона. Халеп честопати била елиминирана во првите кола на турнирот од тенисери со послабо рангирање. Сепак, таа успеала да стигне до третото коло на Индијан Велс и Мајами. Својот најдобар резултат го постигнала на турнирот во Брисел. Таа во првото коло во три сета ја победила големата фаворитка, осмата носителка Јелена Јанковиќ, а потоа лесно побдеила и против сонародничката Николеска. Против Цибулкова го загубила првиот сет без да добие гем, но ги добила следните два. Таа во полуфиналето победила против Софија Арвидсон, а во финалето загубила од Радвањска со 7-5, 6-0. До крајот на сезоната имала многу слаби резултати, само неколку пати играла во второто коло на еден турнир.
На крајот од сезоната во 2012 година Халеп била на 47-то место на ВТА ранг-листата, само 6 позиции подобра од претходната година.
2013: Успех

Својата најдобра сезона во досегашната кариера ја отворила со турнир во Окленд, каде во второто коло била елиминирана од Радвањска. Таа го достигнала истото ниво на конкуренција пред Слоун Стивенс да ја елиминира. Стивенс ја победила и во првото коло на Австралија Опен. По поразот од Винчи во Париз, Халеп имала проблеми со повреди, па натпреварите од второто коло во Доха и Дубаи им ги предала на Ана Ивановиќ и Хантухова. На првите два Мастерс турнири од сезоната стигнала до 2-ро и 3-ро коло, каде била поразена од многу повисоко рангирани играчи. По раната елиминација во Мадрид, Симона блеснала во полн сјај. На Мастерсот во Рим, таа ги минала квалификациите, а потоа сукцесивно ги победила Кузњецова, Радвањска и Винчи, кои ги победила на претходните турнири, потоа повторно ја победила Јелена Јанковиќ, но била запрена од светскиот рекет број еден, Серена Вилијамс. Американката ѝ дала само 3 гема, сите во вториот сет.[36]
На Ролан Гарос, истоштена од претходниот турнир, на стартот била исфрлена од Суарез Наваро од Шпанија.
Халеп ја добила својата шанса на турнирот во Нирнберг, каде што била седма носителка. Таа лесно победувала против некои ниско рангирани и малку познати ривали, но во полуфиналето играла против Шафарова. Иако го изгубила вториот сет без да освои гем, Халеп продолжила понатаму и во финалето ја победила Андреа Петковиќ со 6:3, 6:3. Ова бил прв турнир што Халеп го освоила во кариерата, а кој бил во организација на ВТА.
Веднаш по триумфот следел следниот. На турнирот во Хертогенбош, Халеп на патот до трофејот ги исфрлила првата, третата и четвртата носителка (Винчи, Суарез Наваро, Флипкенс).
Таа на Вимблдон загубила од многу подобро рангираната Ли со 2:1 во сетови (6:2, 1:6, 6:0).
Таа имала лесна работа во Будимпешта, каде победила 5 далеку полоши играчи и освоила нов пехар.
Таа ја започнала американската турнеја во Синсинати, каде ги победила носителката Бартоли, актуелната шампионка на Вимблдон, која се повлекла набргу по турнирот поради повреда, и Сем Стосур, и стигнала до четвртфиналето каде била поразена од првата носителка, Серена Вилијамс.
Освоила нова титула во Њу Хевн. Халеп последователно ги победила Хантухова, Суарез Наваро, Екатерина Макарова, Возњацки и во финалето Квитова.[37]
На УС Опен била запрена во четвртото коло, каде Флавија Пенета победила во два сета.
Серијата од малку полоши резултати завршува со турнирот во Москва каде освоила нова титула, овој пат без загубен сет. Таа во финалето ја совладала Стосур со 7:6 (1), 6:2.
Таа го одиграла последниот турнир во сезоната во Софија. Со три водења во групата пред Свитолина, Пављученкова и Корне, а потоа и Ивановиќ и Стосур, Халеп победила и на женскиот турнир.
Во текот на 2013 година Халеп напредувала дури 36 позиции со што од 47-то место дошла на 11-то. Во сезоната освоила 6 титули, без да го загуби финалето. За време на овие игри таа стекнала голем број фанови, а ја добила и наградата за најперспективен играч на светот.[38]
2014: Прво гренд-слем финале, ТОП 3

Халеп решила да ја отвори сезоната во Сиднеј, но на самиот почеток на турнирот загубила од Американката Медисон Кис.[39]
На Австралија опен, таа стигнала до првото четвртфинале на гренд-слем турнирите.[40] Попатно ја победила осмата носителка Јелена Јанковиќ со 6:0 во решавачкиот сет. Таа била запрена од Цибулкова и тоа сосема убедливо поради здравствените проблеми кои Халеп ги имала во тоа време. Првата титула во сезоната 2014 ја совоила во Доха. Овде ги победила Каја Канепи, Аника Бек, Сара Ерани, Агњешка Радвањска и Анџелик Кербер.
На првиот Мастерс во сезоната стигнала до полуфиналето каде Радвањска и се реванширала. Таа го пропуштила Мастерсот во Мајами. Во Мадрид стигнала до финалето, постигнувајќи го својот најдобар резултат во досегашната кариера. Таа била сопрена од Шарапова, иако Халеп одлично го отворила натпреварот со 1:6, 6:2, 6:3.[41] На Мастерсот во Рим, таа го загубила мечот во второто коло од Карли Суарез Наваро.
Таа потоа постигнала голем успех и го освоила своето прво гренд-слем финале на Ролан Гарос. Таа многу убедливо ги победила своите ривалки: Клејбанова, Вотсон, Торо-Флор, Стивенс, Кузњецова и Петковиќ, сите со 2:0 во сетови. Во многу тензичен и неизвесен меч против Шарапова не успеала да ги искористи бројните грешки на Русинката во третиот сет и Шарапова победила со 6:4, 6:7 (5), 6:4. Со ова финале Халеп се пробила до самиот тениски врв, поточно - станала третиот рекет во светот.
Таа поради повреда не ја одбранила титулата освоена во 2013 година во Хертогенбош и го предала мечот од второто коло на Аника Бек.
Таа го започнала својот трет гренд-слем во сезоната со мечот против Бразилката Телиана Переира, кој лесно го добила со 6:2, 6:2. Мечот од второто коло бил нешто потежок, каде сет против Халеп победила и квалификантката од Украина, Јулија Цуренко. Потоа следлеа лесни победи над младата Белинда Бенчиќ, Зарина Диас и минатогодишната финалистка Сабина Лисицки. Во полуфиналниот натпревар, таа загубила од Ежени Бушар. На тој меч таа доживеала многу незгоден пад.
Таа добила можност да се натпреварува во својата земја на турнирот во Букурешт, кој за прв пат се одржал во 2014 година. Се пласирала како прв фаворит на турнирот, а таа улога ја оправдала со победата над Винчи во финалот со 6:1, 6:3. Ова била втора победа на Халеп на турнирот во сезоната 2014.
2015 година

Халеп со победа ја започнала сезоната на турнирот во Шенжен, победувајќи ја Тимеа Бачињски во двата сета со 6:2 во финалето.[42][43] На Австралија опен, таа го повторила резултатот од претходната година, стигнувајќи до четвртфиналето, каде загубила од Екатерина Макарова со 4:6, 0:6.[44] Во Фед купот, таа победила против Силвија Солер Еспиноза и загубила од Гарбиње Мугуруса.
Во финалето на ВТА Премиер 5 турнирот во Дубаи, Халеп ја совладала Каролина Плишкова со 6:4, 7:6 (4).[45][46] Таа триумфирала и на ВТА Премиер Мандатори турнирот во Индијан Велс, победувајќи ја Србинката Јелена Јанковиќ во три сета. Во Мајами стигнала до четвртфиналето каде загубила од Серена Вилијамс.
Во Штутгарт Халеп била поразена во полуфиналето од Каролина Вознијацки.[47] Учеството во првото коло го завршила во Мадрид. Таа во Рим победила три ривали, но не успеала да ја совлада Карла Суарез Наваро од Шпанија.
Таа го одиграла првиот турнир во сезоната на тревните терени во Бирмингем, каде што стигнала до четвртфиналето. За време на Вимблдон, Халеп била поразена во првото коло против Јана Чалепова.
Во Торонто, Халеп стигнала до финалето, каде што загубила од Белинда Бенчиќ по пензионирањето поради повреда.[48] Во Синсинати ја продолжила победничката серија, победувајќи ја меѓу другите и Јелена Јанковиќ, но во финалето загубила од Серена Вилијамс. Таа стигнала до полуфиналето во Њујорк.
По четвртфиналето во Гуангжу, Симона стигнала до третото коло во Вухан, а во Пекинг се поклонила во првиот меч. Во Сингапур не успеала да ја мине групната фаза, но сезоната ја завршила на второто место на ВТА листата.
2016 година
Во Сиднеј Халеп загубила од Кузњецова во полуфиналето, а во Мелбурн загубила во првото коло. Таа го пропуштила четвртфиналниот натпревар од Фед купот со Чешка. Таа не играла во Дубаи и Доха откако се повклекла поради повреда,[49][50][51][52] додека во Индијан Велс и Мајами стигнала до четвртфиналето.
Во плејофот на Фед купот со Германија таа повторно забележала рекорд од една победа и еден пораз. Во Штутгарт, таа го загубила својот прв натпревар од финалистката Лаура Сигемунд. Таа ја подобрила својата игра на турнирот во Мадрид, каде лесно ја освоила титулата. За разлика од тој турнир, во Рим таа била поразена на стартот. Во Париз стигнала до четвртото коло, додека на Вимблдон направила чекор понатаму, но изгубила од Анџелик Кербер.[53]
Таа потоа ја освоила титулата во Букурешт и Торонто, каде се реванширала на Кербер за претходните порази. Таа ги прескокнала Олимписките игри во Рио, а ја победила Радванска во четвртфиналето на Синсинати. По ова, таа повторно се сретнала со Анџелик Кербер, која овојпат била подобра од Халеп. Во четвртфиналето Флешинг Медоус загубила во интересен меч со Серена Вилијамс.
Во Вухан стигнала до полуфиналето, но во Пекинг победила само на еден меч. За време на финалето на ВТА, таа ја победила Медисон Кис, но не успеала да ги победи Кербер и подоцнежната победничка на турнирот, Доминика Цибулкова. Таа ја завршила годината на четвртото место на ВТА ранг-листата.
2017: број еден тенисерка во светот

Таа ја започнала сезоната во Кина на Шенжен опен, каде на стартот била елиминирана од Катерина Синијакова. Првиот гренд-слем во оваа сезона, Австралија опен, таа го одиграла разочарувачки и изненадувачки била поразена во првото коло од Шелби Роџерс во два сета.[54] Подоцна учествувала на турнирот во Санкт Петербург, каде што била принудена да се повлече во четвртфиналето поради повреда.[55]
Таа се вратила на теренот во Индијан Велс, каде била поразена од Кристина Младеновиќ. На турнирот Порше Тенис Гран При стигнала до полуфиналето, но била поразена од Германката Лаура Сигемунд.
На Ролан Гарос во полуфиналето ја елиминирала директната ривалка за број 1 на ВТА листата Каролина Плишкова во 3 сета. Таа во финалето била поразена од Јелена Остапенко со 4:6, 6:4, 6:3.[56][57]
Таа на турнирот во Синсинати загубила со 6:1 6:0 од Гарбина Мугуруза, па заостанувала зад светската тенисерка број еден Каролина Плишкова со само 5 поени разлика. На УС Опен како втора носителка во првото коло играла со Марија Шарапова и по битка која траела речиси три часа загубила со 6:4 4:6 6:3. По ова разочарување, таа учествувала на турнирот во Вухан.
Симона Халеп со пласманот во финалето на турнирот во Кина си го обезбедила првото место на ВТА ранг-листата.[58] Таа лесно ја совладала Летонката Јелена Остапенко со 6:2, 6:4.
2018: Победник на Ролан Гарос

Халеп ја започна сезоната со освојување на турнирот во Шенжен, Кина. Таа по ред ги победила Никол Гибс, Инг-Инг Дуан, Арина Сабаленко и сонародничката Бегу. Таа во финалето ја победи бранителката на титулата Катерина Синијакова.[59] Халеп ја освоила и првата титула на WTA во конкуренција на двојки, партнерка ѝ била Бегу.
На Отвореното првенство на Австралија стигнала до нејзиното трето гренд-слем финале, победувајќи ја Германката Анџелик Кербер во полуфиналето со 2:1.[60] Во финалето била поразена од Каролин Вознијацки во три сета.[61]
На Ролан Гарос стигнала до третото финале на тој турнир и во три сета ја победила Американката Слоун Стивенс.[62] Четириесет години откако Вирџинија Ружиќ го освоила Ролан Гарос во 1978 година, Романка повторно успеала да освои гренд-слем.[63]
Таа во 3-тото коло на Вимблдон била поразена од Сје Су-веј од Кинески Тајпеј со 2:1 во сетови. Во финалето во Монтреал, Халеп по голема борба ја победила Слоун Стивенс со 2:1 и ја освоила осумнаесеттата титула во кариерата.[64] Следната недела играла во уште едно финале на турнирот во Синсинати, но овој пат била поразена од Кики Бертенс од Холандија.[65] Симона загубила во првото коло Отвореното тениско првенство на САД од Естонката Каја Канепи во директни сетови.[66] Иако се пласирала во ВТА финалето во Сингапур, таа се повлекла поради повреда на грбот.[67] Халеп сепак вторпат по ред ја завршила годината на првото место.[68]
2019: Прва победа на Вимблдон

Халеп 2019 година ја започнала со настап на турнирот во Сиднеј; таа била поразена во второто коло од Ешли Барти во два сета.[69] На Отвореното тениско првенство на Австралија стигнала до четвртото коло, каде загубила од Серена Вилијамс во три сета.[70]
На турнирот во Мајами стигна до полуфиналето, губејќи од Каролина Плишкова, додека до финалето во Мадрид изгубела од Кики Бертенс од Холандија. Во двата случаи, таа ја пропуштила шансата да го врати првото место на ВТА табелата.
На Отвореното првенство на Франција ги победила Ајла Томљановиќ, Магда Линет, Лесја Цуренко и Иго Свјатек и се пласирала во четвртфиналето каде загубила од младата Аманда Анисимова со 6:2, 6:4. По овој пораз Халеп од 3-то место паднала на 8-то место на ранг-листата.
На турнирот во Истбурн, таа стигнала до четвртфиналето, каде што загубила од Анџелик Кербер. Таа стигнала и до полуфиналето во женски двојки, каде била партнер со сонародничката Ралука Олару.[71]
Таа на Вимблдон ги победила Александра Саснович, Михаела Бузарнеску, Викторија Азаренка и 15-годишниот Кори Гоф. Во четвртфиналето, таа ја победила Жанг Шуаи и се пласирала во своето второ полуфинале на Вимблдон. Со победата против Украинката Елина Свитолина со 6:1 6:3 се пласирала во првото финале на Вимблдон.[72] Симона освоила на Вимблдон за прв пат во кариерата, со убедливата победа во финалето против Серена Вилијамс од САД со 6:2, 6:2 по само 57 минути игра.[73]
По нејзиното враќање во татковината, Романскиот олимписки комитет одлучил Симона да го носи знамето на нејзината земја на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио во 2020 година.[74] Таа добила свечен пречек на Националната арена во Букурешт, каде што ја поздравиле околу 25.000 фанови.[75] Таа на турнирот во Торонто во четвртфиналето била поразена од Мари Бускова од Чешка, откако поради повреда се откажала од мечот по првиот сет.[76]
Иако го освоила првото коло на Отвореното првенство на САД за прв пат по три години, таа била поразена од Тејлор Таханд во следната рунда.[77] Во Азија се повлекла во третото коло поради повреда на грбот на турнирот во Вухан, а во второто коло загубила од Екатерина Александрова на Отвореното првенство на Кина.[78] Во финалето на ВТА шампионатот ја победила Бјанка Андреска, но во следните два меча ги загубила од Елина Свитолина и Каролина Плишкова.[79]
2020−2021: Три ВТА титули
Халеп ја започнала 2020 година на нов турнир во Аделаида, каде Ајла Томљановиќ победила на стартот.[80] Во четвртфиналето загубила од Арина Сабаленка од Белорусија.[81]
На првиот гренд-слем турнир во годината, Австралија опен, стигнала до полуфиналето, каде била поразена од Гарбина Мугуруза од Шпанија.[82]
Таа ја освоила јубилејната 20-та титула во кариерата, победувајќи ја Јелена Рибакина во финалето на турнирот во Дубаи со 2:1 во сетови.[83]
По продолжението на сезоната која била прекината поради пандемијата на корона вирусот, кон средината на август го освоила турнирот во Прага, Чешка, победувајќи во финалето против Елиза Мертенс од Белгија.[84] Таа за првпат го освоила турнирот во Рим, победувајќи ја Каролина Плишкова во финалето, и тоа била нејзината дваесет и втора титула во кариерата и деветта на земјена подлога.[85] На Ролан Гарос, кој се одржал на крајот на септември поради пандемијата, Халеп неочекувано загубила во осминафиналето од Ига Швјонтек од Полска во два сета.[86] На крајот на октомври 2020 година, таа на социјалната мрежа објавила дека е заразена со корона вирусот и дека има благи симптоми.[87]
На првиот гренд-слем во сезона во Австралија 2021, кој овојпат бил одржан во февруари, Симона стигнала до четвртфиналето. Таа последователно ги победила Кабрера и Томљановиќ од Австралија, Кудерметова од Русија и Швјонтек од Полска, а потоа била поразена во четвртфиналето од Серена Вилијамс во два сета.[88]
2022: Полуфинале на Вимблдон и титула во Торонто
На гренд-слем турнирот во Вимблдон стигнала до полуфиналето, каде била поразена од Јелена Рибакина од Казахстан.[89] Халеп ја освоила својата деветта Мастерс титула на турнирот во Торонто, победувајќи ја Беатрис Хадад Маја од Бразил во три сета.[90]
Remove ads
Статистика за кариерата
Финале на гренд-слем
Поединечно: 5 (2:3)
ВТА шампионат
Поединечно 1 (0:1)
- Победи на ВТА турнирите
- 2013: Нирнберг, Хертогенбош, Будимпешта, Њу Хевн, Москва, ВТА турнир на шампионите во Бали
- 2014: Доха, Букурешт
- 2015: Шенжен, Дубаи, Индијан Велс
- 2016: Мадрид, Букурешт, Монтреал
- 2017: Мадрид
- 2018: Шенжен, Ролан Гарос, Монтреал
- 2019: Вимблдон
- 2020: Дубаи, Прага, Рим
- 2022: Мелбурн 1, Торонто
Учество на гренд-слем турнири
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads