Панчарево
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Панчарево — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот северен дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Делчево, како и со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е ридско-планинско, а куќите се издигаат на надморска височина од 800 до 1.000 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 24,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 926 хектари, на пасиштата отпаѓаат 894 хектари, а на шумите 579 хектари.[2]
Географски, Панчарево е дел од историско-географската област Пијанец, кое денес административно се наоѓа во Општина Пехчево. Селото се наоѓа во најсеверниот дел на општината, и атарот на Панчарево се граничи со Бугарија на исток, со Општина Делчево на запад и со атарот на селото Црник на југ. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, на планината Влаина.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Панчарево било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Главна стопанска гранка во селото е сточарството.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Панчарево имало 700 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Панчарево имало 560 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Панчарево било големо село, па преминало во средно село по големина, населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 993 жители, а во 1994 година 467 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Панчарево живееле 375 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 205 жители, од кои 185 Македонци и 20 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
- Староседелци: Грижовци (4 к.), Попчевци (7 к.), Стојовци (4 к.), Чорбаџиовци (5 к.), Копарци (1 к.), Караџевци (10 к.), Филиповци (22 к.), Врановци (10 к.), Цурковци (10 к.), Војниците (2 к.), Врговци (5 к.), Качарци (16 к.), Ризовци (7 к.), Џамбасци (1 к.), Грците (8 к.), Бурнасци (1 к.), Карадаци (1 к.), Шоповци или Трајановци (4 к.), Делијовци (3 к.), Самарџијци (6 к.) Јакутовци (7 к.), Каширци (6 к.) и Враните (5 к.)
- Доселеници: Миравџијовци (7 к.) доселени се во 1816 година од селото Стар Истевник; Мајсторци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Црник; Чобанци (2 к.) доселени се во 1878 година од селото Лешко кај Благоевград, Пиринска Македонија;
Српски
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Гоце Делчев“ до IX одделение[14], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево.
- Дом на културата[15]
- Земјоделска задруга
- Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Панчарево, во која единствено село било Панчарево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Панчарево се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.
Во периодот 1955-1965 година, селото се наоѓало во рамките на општината Пехчево, заедно со градот Пехчево и селата Негрево, Робово, Умилена, Црник и Чифлик.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0018 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости


- Археолошки наоѓалишта[19]
- Бобиште — населба од римското време;
- Главица — могила од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време; и
- Илина Црква — црква од средниот век.
- Цркви[20]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква;
- Црква „Вознесение Христово“ — поранешна селска црква;
- Споменици
- Биста на Гоце Делчев
- Споменик за паднатите борци во НОБ
- Реки[21]
- Панчаревска Река — мала река низ селото, притока на Брегалница
Remove ads
Редовни настани
- Спасовден — главна селска слава
Личности
- Родени во Панчарево
- Ангел Шопов — македонски револуционер
- Димитар Гоцев (р. 1945) — поранешниот претседател на ВМРО-БНД, претседател на Македонскиот научен институт во Софија
- Мето Јовановски (р. 1946) — филмски, телевизиски и театарски глумец
- Илија Николовски (р. 1948) — генерал-мајор на АРМ
Поврзано
Галерија
- Амбари во маалото Филиповци
- Страничен поглед на подрачното училиште
- Поглед кон маалото Трајановци
- Поглед кон подрачното училиште
- Селската чешма во маалото Филиповци наречена „Спасина чешма“[22]
- Биста на Гоце Делчев
- Стар автомобил од марката „буба“
- Дел од маалото Филиповци
- Споменик за паднатите борци од селото во НОБ
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads