Црник

село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црникmap
Remove ads

Црник — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во северниот дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.[2]

Атарот е голем, кој зафаќа простор од 33 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.043 хектари, а на шумите 851 хектар.[2]

Remove ads

Историја

Во XIX век, Црник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црник имало 1.600 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 100 Турци.[5]

Црник во 1961 година имало 978 жители, од кои 520 биле Турци, 332 Македонци и 13 жители Срби. Во 1994 година бројот малку се намалил, поточно на 752 жители, од кои 331 Турчин, 231 Ром и 188 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црник живееле 707 жители, од кои 103 Македонци, 326 Турци, 267 Роми, 4 Срби и 7 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 51 Македонец, 248 Турци, 224 Роми, 3 Срби, 1 останат и 44 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е прикажано движењето на вкупното население и етничка припадност во Црник:[8]

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

  • Македонско-муслимански (Читаци) родови:
    • Староседелци: Чорбарци (1 к.), Цинговци (2 к.), Метковци (8 к.), Пиловци (7 к.), Јабокаровци (1 к.), Ошавовци или Черековци (2 к.), Муневци (2 к.), Шикаловци (4 к.), Емировци (2 к.), Смриковци (2 к.), Касаповци (5 к.), Дрклевци или Грутковци (12 к.), Маќевци (4 к.), Белимемовци или Амбовци (8 к.), Џитанци (4 к.), Туглијовци (1 к.), Мешковци или Тртевци (3 к.), Шамкаровци (3 к.), Цимерци (3 к.), Рамчовци (1 к.), Чепенковци (4 к.), Делимедовци (2 к.), Окаровци (1 к.), Ампалаковци (1 к.), Топузовци (5 к.), Муневци (1 к.), Кампелезовци (2 к.), Кантуровци (4 к.), Фетаовци (3 к.), Дестановци (1 к.), Нетепаровци (1 к.), Бакардановци (3 к.), Танки Суљовци (1 к.), Латовци (2 к.),
    • Со непознато потекло: Арнаутовци (6 к.)
    • Доселеници: Панчаровци (7 к.) доселени се во 1878 година од селото Панчарево; Џеваировци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Стар Истевник; Ајдиновци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Град.
  • Ромски родови:
    • Со непознато потекло: Зуламовци (5 к.), Абалијовци (4 к.), Ридарци (5 к.), Љумбевци (1 к.), Јочевци (7 к.) и Ламовци (2 к.)
  • Македонски родови:
  • Српски родови:
    • Доселеници: Видановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Јеловик кај Књажевац во Србија; Ристиќи (1 к.) и Михаиловиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од околината на Врање; Неделковиќи (2 к.) доселени се во 1934 година од селото Панчарево, а таму од околината на Ужице.[9]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште „Ванчо Китанов“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Црник, во која единствено село било Црник.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Црник се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Thumb
Главната селска црква „Св. Петка“

Во селото постои избирачко место бр. 0024 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 632 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 599 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви
Џамии[16]
Реки
Природни реткости[17]
  • Мелови — геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads