Париз-Рубе 2018

116. издание на велосипедската трка Париз-Рубе From Wikipedia, the free encyclopedia

Париз-Рубе 2018
Remove ads

Париз-Рубе 2018 — 116. издание на велосипедската еднодневна трка Париз-Рубе, која се одржала на 8 април како петнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[2][3]

Кратки факти

По првпат од Бернар Ино во 1981 година, трката била освоена од моменталниот светски првак, Петер Саган (Бора-Хансгрое).[4] Саган ја нападнал главната група на возачи на секторот 12, стигнувајќи на челото на трката за брзо време. Единствено, швајцарскиот првак Силван Дилје, кој возел за екипата АГ2Р-Ла Мондијал, успеал да остане со Саган до крајот на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил спринтот.[5] Третото место, 57 секунди зад водечкиот двоец, му припаднало на победникот на Трката околу Фландрија, Ники Терпстра, кој возел за Квик-Степ Флорс.[6]

Трката била нарушена од смртта на возачот на Верандас Вилемс-Крелан, Михаел Голертс. Во текот на трката, добил срцев удар и подоцна починал во болница во Лил.[7][8]

Remove ads

Екипи

Thumb
Петер Саган (Бора-Хансгрое) пред Силван Дилје (АГ2Р-Ла Мондијал) на 8 километри пред крајот на трката.

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[10]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)
Remove ads

Поредок

Завршен пласман

[11]


Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads