Оливер Насен
белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оливер Насен (холандски: Oliver Naesen; р. 16 септември 1990 ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[2]
Сметан како специјалист за еднодневните класици го освоил националното друмско првенство во 2017 година,[3] како и Класик Бретања во 2016 и во 2018 година.[4] Тој е брат на велосипедистот Лауренс Насен.[5]
Remove ads
Кариера
2014–2016
Насен станал професионалец во август 2014 година како стажант на екипата Лото-Белисол, пред да се приклучи на Топспорт Вландерен-Балоас во 2015 година и на швајцарската екипа ИАМ Сајклинг во 2016 година.[6]
Настапил на својата прва голема трка на Тур де Франс 2016,[7] на која ја освоил наградата за борбеност на четвртата етапа.[8] Имал страшен пад на последната кривина на планинскиот хронометар на етапата 18, но го завршил Тур на 83. место.[9]
Неколку недели по Тур де Франс, победил на Класик Бретања; негова прва победа на трка од Светската турнеја.[10] Во септември завршил втор во генералниот пласман на Енеко Тур 2016 по силниот настап на завршната етапа до Герардсберген.[11] Неговите резултати му донеле избор во составот на Белгија за Светското друмско првенство, на кое завршил на 23. место.[12]
2017-денес
Кога велосипедската екипа ИАМ објавила дека ќе се распадне на крајот на сезоната 2016, Насен потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал.[13] Пролетта 2017 година го потврдил неговиот статус како талент за класици со завршници меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниусблад, Курне-Брисел-Курне, Е3 Харелбеке и Гент-Вевелгем. На Трката околу Фландрија бил во група од тројца зад предводникот Филип Жилбер, кога Петер Саган, кој ја водел групата, паднал на Ауде Кваремонт и ги повлекол Насен и Ван Авермат. Насен и Саган ги скршиле своите рамки на велосипедите, со што Насен ги изгубил шансите за подиум и завршил на 23. место.[14] Го освоил националното друмско првенство во 2017 година.[3]
Во 2018 година, Насен ги имал најдобрите резултати на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, завршувајќи на 11. место и на 12. место, соодветно. Во август, победил на Класик Бретања по вторпат во три години.[4]
Remove ads
Достигнувања

- 2013
- 10. ГП ван ден Стад Гел
- 2014
- 3. Меморијал Ван Конингсло
- 4. Трка околу Лимбург
- 6. Бинше-Шиме-Бинше
- 6. Омлоп хет Ниусблад под 23 години
- 8. Гоиксе Пејл
- 9. Класик Хандзаме
- 10. Дрејвенкурс Оверејсе
- 10. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
- 10. Флеш Арденес
- 2015
- 1. Полинорманд
- 1. Гоиксе Пејл
- 2. Схал Селс-Мерксем
- 3. Гроте Прејс Стад Зотегем
- 3. Омлоп ван хет Васланд
- 5. Дрејвенкурс Оверејсе
- 6. Краен пласман Трка околу Луксембург
- 7. Краен пласман Трка околу Белгија
- 10. Ле Самин
- 10. Тур де Вандеја
- 2016
- 1. ГП Западна Франција
- 1. ГП Лисјен ван Импе
- 2. Краен пласман Енеко Тур
- 2. Еурометропол
- 10. Бинше-Шиме-Бинше
Награда за борбеност на етапа 4 на Тур де Франс
- 2017
- 1.
Национално друмско првенство
- 3. Е3 Харелбеке
- 3. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 5. Краен пласман БинкБенк Тур
- 6. Париз-Тур
- 6. Дварс дор Вландерен
- 6. Тур л’Еурометропол
- 7. Омлоп Хет Ниусблад
- 8. Краен пласман Трка околу Белгија
- 8. Курне-Брисел-Курне
- 10. Класик Лондон-Сари
- 10. Бинше-Шиме-Бинше
- 2018
- 1. Класик Бретања
- 3. Трка околу Франкфурт
- 3. Бинше-Шиме-Бинше
- 3. Тур де л’Еурометропол
- 4. Е3 Харелбеке
- 4. ГП Монтреал
- 4. Париз-Тур
- 6. Гент-Вевелгем
- 9. Гран при д’Изберг
- 2019
- 2. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Етапа 7
- 2. Милано-Санремо
- 2. Бинше-Шиме-Бинше
- 3. Гент-Вевелгем
- 3. Париз-Тур
- 7. Трка околу Фландрија
- 8. Е3 Бинкбенк Класик
- 8. Класик Лондон-Сари
- 10. Омлоп Хет Ниусблад
- 10. Јуроајс Класик
- 2020
- 7. Трка околу Фландрија
- 7. Омлоп Хет Ниусблад
- 10. Краен пласман Тур де Валони
- 2021
- 4. Е3 Саксо Банк Класик
- 7. Тро-Бро Леон
- 2022
- 2. Краен пласман Четири дена Денкерк
- 4. Омлоп Хет Ниусблад
- 7. Класик Бретања
- 8. Класик Примус
Распоред на резултатите на големите трки
Распоред на резултатите на класиците
Распоред на резултатите на првенствата
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads