Париско метро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Париско метро
Remove ads

Париското метро (француски: Métro de Paris) — патнички железнички систем од затворен вид што ја опслужува париското метрополитенско подрачје (Париз и неговата поширока околина). За време на повеќе од еден век работа, ова метро станало едно од знаменитостите на Париз; најмногу поради оригиналната и посебна украсување на станиците во стилот арт нуво. Поголемиот дел, или 197 од 214 километри од системот, се под земја. Париското метро има 16 линии, а тие се нумерирани од 1 до 14, како и 3бис и 7бис (кои, всушност, се одграноци на линиите 3 и 7 кои се бројат како посебни линии). Линиите опслужуваат 303 станици, додека на 62 можно е префрлање на други линии.

Thumb
Знак на влезот во метро станица. Овој вид ознака датира од 1909 година.
Кратки факти Париско метро Métro de Paris, Општо ...
Thumb
Воз од видот MP73 на линијата 6 во близина на станицата Паси.

Париското метро е втор најпосетуван метро систем во Европа (по Московското метро) и десетти најпосетуван во светот. Во 2015 година превезол 1,52 милијарди патници или 4,16 милиони дневно. Станицата Шателе - Ле Зал (Châtelet - Les Halles), со 5 метро линии и 3 линии РЕМ (Регионална експресна мрежа на Ил де Франс), е најголемата метро станица во светот. Во 2016 година Парискиот метро систем е рангиран како најдобар транспортен систем во светот според ITDP.

Thumb
Воз од видот MF67 на линијата 5 во близина на депото Бобињи.
Remove ads

Историја

Thumb
Првите линии на париското метро биле изградени со методот пресечи и покриј.
Thumb
Станицата Шателе на линијата 14, отворена во 1998 година.

Првата линија била отворена на 19 јули 1900 година за време на Светската изложба. Целиот систем брзо се ширел до Првата светска војна, така што железничките пруги во самиот град биле завршени до 1920-тите. Проширувањата кон предградијата и кон пошироката околина се изградени после 1930-тите.

По Втората светска војна, метрото претрпе модернизација и подобрување. Беа воведени понови композиции на возови за да се задоволи побарувачката за зголемен сообраќај. Се воведува и нов подземно-надземен железнички систем - RER, развиен од 1960-тите. Со своите пет линии (A, B, C, D и E), тој претставува дополнителна железничка мрежа за регионот на Париз.

Remove ads

Линии

Ла Дефанс - Шато де Венсен

  • отворена: 1900
  • бр. на станици: 25
  • должина: 16,6 км
Thumb
MP73 на линијата 6 ја преминува Сена


Порт Дофин - Насион

  • отворена: 1900
  • бр. на станици: 25
  • должина: 12,3 км
Thumb
MF67 на линијата 3 ја напушта станицата Вилје

Пон де Левалоа - Галиен

  • отворена: 1904
  • бр. на станици: 25
  • должина: 11,7 км
Thumb
MP89 на линијата 4 влегува во станицата Данфер-Рошеро

Порт де Лила - Гамбета

  • отворена: 1971
  • бр. на станици: 4
  • должина: 1,3 км
Thumb
MF01 на линијата 5 на станицата Гар д'Остерлиц


Порт де Клињанкур - Мери де Монруж

  • отворена: 1908
  • бр. на станици: 27
  • должина: 12,1 км
Thumb
Станицата Мирабо на линијата 10


Бобињи - Плоштад Италија

  • отворена: 1906
  • бр. на станици: 22
  • должина: 14,6 км
Thumb
MF77 на линијата 13 влегува во станицата Лиеж


Шарл де Гол - Етоал Насион

  • отворена: 1909
  • бр. на станици: 28
  • должина: 13,6 км
Thumb
MF67 на линијата 12 на станицата Солферино

Ла Курнев - Вилжуиф, Мери д'Иври

  • отворена: 1910
  • бр. на станици: 38
  • должина: 22,4 км


Луј Блан - Пре Сен Жерве

  • отворена: 1967 година
  • бр. на станици: 8
  • должина: 3,1 км

Балар - Поант ди Лак

  • отворена: 1913 година
  • бр. на станици: 38
  • должина: 23,4 км

Пон де Севр - Мери де Монреј

  • отворена: 1922
  • бр. на станици: 37
  • должина: 19,6 км

Булоњ - Гар д'Остерлиц

  • отворена: 1923
  • бр. на станици: 23
  • должина: 11,7 км

Шателе - Мери де Лила

  • отворена: 1935
  • бр. на станици: 13
  • должина: 6,3 км

Фрон попилер - Мери д'Иси

  • отворена: 1910
  • бр. на станици: 29
  • должина: 13,9 к

Шатијон-Монтруж - Сен Дени, Ле Куртиј

  • отворена: 1911
  • бр. на станици: 32
  • должина: 24,3 км

Сен Лазар - Олимпијади

  • отворена: 1998
  • бр. на станици: 9
  • должина: 9 км
Remove ads

Возен парк

Возниот парк на париското метро се состои од возила со челични тркала (означени со „MF“, French matériel fer) и возила со гумени тркала (ознака „MP“, француски matériel pneu). Различни верзии од ист тип, покрај ознаката на типот, имаат и двоцифрена ознака на годината на дизајнирање (на пр. MF88, возило со челични тркала дизајнирано во 1988 година).

Иднина

Во моментов се прошируваат три линии: 4, 8 и 12. Има и други барања за продолжување на уште неколку линии.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads