Париско метро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Париското метро (француски: Métro de Paris) — патнички железнички систем од затворен вид што ја опслужува париското метрополитенско подрачје (Париз и неговата поширока околина). За време на повеќе од еден век работа, ова метро станало едно од знаменитостите на Париз; најмногу поради оригиналната и посебна украсување на станиците во стилот арт нуво. Поголемиот дел, или 197 од 214 километри од системот, се под земја. Париското метро има 16 линии, а тие се нумерирани од 1 до 14, како и 3бис и 7бис (кои, всушност, се одграноци на линиите 3 и 7 кои се бројат како посебни линии). Линиите опслужуваат 303 станици, додека на 62 можно е префрлање на други линии.


Париското метро е втор најпосетуван метро систем во Европа (по Московското метро) и десетти најпосетуван во светот. Во 2015 година превезол 1,52 милијарди патници или 4,16 милиони дневно. Станицата Шателе - Ле Зал (Châtelet - Les Halles), со 5 метро линии и 3 линии РЕМ (Регионална експресна мрежа на Ил де Франс), е најголемата метро станица во светот. Во 2016 година Парискиот метро систем е рангиран како најдобар транспортен систем во светот според ITDP.

Remove ads
Историја


Првата линија била отворена на 19 јули 1900 година за време на Светската изложба. Целиот систем брзо се ширел до Првата светска војна, така што железничките пруги во самиот град биле завршени до 1920-тите. Проширувањата кон предградијата и кон пошироката околина се изградени после 1930-тите.
По Втората светска војна, метрото претрпе модернизација и подобрување. Беа воведени понови композиции на возови за да се задоволи побарувачката за зголемен сообраќај. Се воведува и нов подземно-надземен железнички систем - RER, развиен од 1960-тите. Со своите пет линии (A, B, C, D и E), тој претставува дополнителна железничка мрежа за регионот на Париз.
Remove ads
Линии
- отворена: 1900
- бр. на станици: 25
- должина: 16,6 км

- отворена: 1900
- бр. на станици: 25
- должина: 12,3 км

- отворена: 1904
- бр. на станици: 25
- должина: 11,7 км
- отворена: 1971
- бр. на станици: 4
- должина: 1,3 км

Порт де Клињанкур - Мери де Монруж
- отворена: 1908
- бр. на станици: 27
- должина: 12,1 км

- отворена: 1906
- бр. на станици: 22
- должина: 14,6 км

- отворена: 1909
- бр. на станици: 28
- должина: 13,6 км

Ла Курнев - Вилжуиф, Мери д'Иври
- отворена: 1910
- бр. на станици: 38
- должина: 22,4 км
- отворена: 1967 година
- бр. на станици: 8
- должина: 3,1 км
- отворена: 1913 година
- бр. на станици: 38
- должина: 23,4 км
- отворена: 1922
- бр. на станици: 37
- должина: 19,6 км
- отворена: 1923
- бр. на станици: 23
- должина: 11,7 км
- отворена: 1935
- бр. на станици: 13
- должина: 6,3 км
- отворена: 1910
- бр. на станици: 29
- должина: 13,9 к
Шатијон-Монтруж - Сен Дени, Ле Куртиј
- отворена: 1911
- бр. на станици: 32
- должина: 24,3 км
- отворена: 1998
- бр. на станици: 9
- должина: 9 км
Remove ads
Возен парк
Возниот парк на париското метро се состои од возила со челични тркала (означени со „MF“, French matériel fer) и возила со гумени тркала (ознака „MP“, француски matériel pneu). Различни верзии од ист тип, покрај ознаката на типот, имаат и двоцифрена ознака на годината на дизајнирање (на пр. MF88, возило со челични тркала дизајнирано во 1988 година).
- Возила со челични тркала
- MF 67
- MF 77
- MF 88
- MF 01
- Возила со гумени тркала
- MP 59
- MP 73
- MP 89 CA
- MP 89
- MP 05
Иднина
Во моментов се прошируваат три линии: 4, 8 и 12. Има и други барања за продолжување на уште неколку линии.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads