Проевце
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Проевце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово. Тука се наоѓа една од најпознатите македонски бањи — Проевска односно Кумановска бања.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век е дел од Кумановската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Проевце живееле 96 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Проевце имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 2.311 жители од кои: 2.218 Македонци, 18 Роми, 73 Срби и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.311 жители, од кои 1.234 Македонци, 1 Албанец, 36 Срби, 7 останати и 33 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Родови
Проевце е македонско село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
- Ѓоргијовци (7 к.) и Стојкови (6 к.) најстари родови во селото. Возможно е да се староседелци. Мишевски (7 к.) доселени се од селото Габреш. Станковски (4 к.) доселени се од селото Биљановце. Тодоровски (2 к.) и Антевски (1 к.) доселени се од селото Доброшане. Бошкови (1 к.) доселени се од селото Орашац. Таму припаѓале на родот Гегевци, подалечно потекло од Дебарско. Бошковски (1 к.) доселени се од селото Јачинце. Петровски (1 к.) доселени се од селото Пчиња. Насковски (1 к.) доселени се од селото Карабичане. Додевски (4 к.) доселени се од селото Ранковце кај Крива Паланка. Тодевци (3 к.) доселени се од селото Кокошиње. Страцинци (2 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово. Младенови (2 к.) доселени се од селото Отошница кај Крива Паланка. Дисе (1 к.) доселени се од селото Пезово. Златановски (1 к.) доселени се од селото Горно Коњаре. Иљо (1 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка. Мите (1 к.) доселени се од селото Куклица кај Кратово. Боге (1 к.) доселени се од селото Младо Нагоричане.[8]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Личности родени во Проевце:
- Љубица Стоилкова Глигиќ — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads