Пестришино
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пестришино (порано: Пестршино) — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Свети Николе.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 600 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 19 километри.[2]
Селото е поврзано преку земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1205 како асфалтен пат кој води до селото Трооло.
Историја
Во 2014 година, името на селото е официјално преименувано од Пестршино во Пестришино.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 7,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 409 хектари, на пасиштата отпаѓаат 311 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петршино живееле 135 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петршино имало 156 жители, од кои 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Селото е мало, во фаза на раселување, а е населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 152, а во 1994 година 21 жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пестришино живееле 10 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Пестришино е македонско село.[12]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Какаровци (6 к.), тие се единствениот староседелски род, кои знаат дека сигурно живеат минимум шест колена назад во селото (во 1970-тите).
- Доселеници: Рибарци (5 к.), потекнуваат од предци кои турските бегови од Штип ги донеле во ова село да работат на чифликот. Нивното потекло е од селото Рибарци кај Битола. Бегот во овој довел и други семејства од Битолско; Соколовци (5 к.), водат потекло од тројца браќа кои се доселил овде од селото Бардовци кај Скопје; Урдовци-Кременовци (6 к.), доселени се од селото Пуздерци; Караздравевци-Караманци (3 к.), доселени се од селото Куково во XIX век.
Remove ads
Самоуправа и политика
Кон крајот на XIX век, Пестришино било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Пестришино, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1549 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[15]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads