Петар Погончев
македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Вангелов Погончев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, а потоа член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Remove ads
Животопис
Погончев е роден во 1875 г. во селото Загоричани, Костурско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Завршил IV клас гимназија во Софија и подоцна бил дел од Бугарската армија. Станал член на Врховниот комитет и во 1900 г. се вратил во Загоричани. Во септември 1902 година го пречекал и го помагал Анастас Јанков во неговата дејност која била против интересите на МРО.[1]
Покасно Погончев ги сфатил погубните игри на врховистите и стапил во МРО и активно учествувал во Илинденското востание како војвода на четата од село Загоричани. Учествувал во преземањето на гратчињата Клисура и Невеска. Во 1904 година бил заробен и осуден на три години. Пролетта 1907 г. бил ослободен и повторно се активирал со револуционерна дејност.
Загинува во 1908 г. во борба со грчки андарти во село Горничево[2][3], или според други извори, во битка со турски аскер во с. Емборе[4][5], која се случила непосредно пред Младотурската револуција.
Георги Константинов Бистрицки пишува за него:
„ | Петар Погончев од село Загоричани, со неполно средно образование, истакнат деец - горд патриот, падна херојски во последната битка со турците во с. Емборе и тури крај на неподносливите маки и страдања. од тешка и неизлечива болест.[4] | “ |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads