Горничево

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Горничевоmap
Remove ads

Горничево (грчки: Κέλλη, Кели, книжевно: Κέλλα, Кела; до 1926 г. Γκορνίτσοβο, Горницово[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 66 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Кратки факти Горничево Κέλλη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено на 27 км источно од Лерин и 8 км северно од Суровичево. Лежи во превој на планината Мала Ниџе, која ги образува јужните падини на Кајмакчалан.[3]

Историја

Thumb
Артилерија во Горничево за време на Првата светска војна (21 октомври 1916 г.)

Стар и среден век

Одлучна улога во историјата на селото одиграла неговата местоположба во превојот кој обезбедува пристап до Леринското Поле и цела Пелагонија, како и кон Воден и Солун. Овој премин во средниот век бил бранет од голема средновековна крепост, чиишто рушевини се гледаат и денес. Стручњаците сметаат дека тука претходно се наоѓал древномакедонскиот град Кела, кој според античките автори е бил крајпатна станица по патот Вија Егнација. Засега местото на овој стар град не е утврдено со сигурност, но познато е дека имал поглед кон Петерското и Островското Езеро, што значи дека е мошне веројатно да се работи за Горничево.

Во Отоманското Царство

Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1468 г. како Горничево со 20 домаќинства. Во 1481 г. бројот на домаќинствата се зголемил на 33.[4]

Околу 1840 г. имотите на селото се насилно приграбени од албанскиот феудалец Илјаз-паша и тоа е претворено во чифлигарско. Подоцна жителите успеале да си го откупат селото.[5]

На крајот на XIX век Горничево е заведено како наполно македонско село. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во XIX век.[6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горничево (Gornitchévo) било село со 160 домаќинства од 522 жители Македонци и 50 жители Роми.[7][8]

Во септември 1879 г. селото е нападнато од гркоманскиот андартски капетан Атанас Катарахија.[9]

Хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал во 1889 г. дека Горничево имало 131 македонски семејства (635 жители) и 15 ромски муслимански куќи.[10][11] На почетокот на XX век селото веќе немало ромско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горничево имало 960 жители Македонци.[7][12]

По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[13] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 1.344 Македонци, сите под егзархијата.[7][14]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горничево се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 185 куќи.[15]

Жителите на Горничево зеле активно учество во борбата на ВМРО против турската власт и грчката вооружена пропаганда (андартите). На 20 јули 1906 г. селото е нападнато од многубројна андартска чета, но селската милиција успеала да ги одврати, убивајќи 17 андарти. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Горничево се состоело од 160 македонски куќи.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.103 жители.[3] За кратко време во Првата светска војна Горничево паднало под окупација на бугарската армија, за да ѝ биде вратено на Грција по сила на Нејскиот мировен договор. Во 1920 г. населението се смалило на 983 жители, веројатно поради војните.[3] Во 1926 г. властите го преименувале селото во Кела, нарекувајќи го по стариот македонски град на ова место согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[16] На пописот од 1928 г. во селото живееле 1.095 лица. Во 1931 г. жандармеријата составила список на антигрчките дејци во селото. Во периодот меѓу двете светски војни е забележано иселување во прекуокеанските земји и во Бугарија.[3]

Селото значително настрадало во Граѓанската војна, поради што 226 лица се иселиле во Р Македонија, 10 семејства во България и 30 лица во источноевропските земји. Во 1960-те селото го зафатило бран на иселувања во прекуокеанските земји, поради што населението дополнително се намалило.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е. македонско) и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.[17]

Селска слава е Голема Богородица, на 15 август.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото одгледува претежно жито и компири. Сточарството е многу развиено поради пространите пасишта околу него.[3]

Личности

Thumb
Војводата Тане Стојчев.
Thumb
Петар Ширилов
Родени во Горничево
  • Андреј Овчаров — интелектуалец, завршил педагошко училиште во Загреб во 1883 г.[18]
  • Геле Попов — револуционер, заедно со Минче Дорев биле војводи на Горничевската чета (25 лица) во Илинденското востание.[19]
  • Доре Минчев (1885 – 1933) — револуционер
  • Минас Цалкос — гркомански андартски капетан
  • Мичо Поповски (1947 - 2017) — истакнат кајакар
  • Најден Бандев (1865 – ?) — револуционер
  • Најдо Шиков (1880 – ?) — революционер од ВМРО
  • Петар Ширилов (1934 – 1988) — писател
  • Пандо Шангов (1888 – 1928) — револуционер
  • Пецо Ромев (? – 1949) — партизан, деец на ДАГ
  • Стерјо Сапунџиев — гркомански андартски капетан
  • Стојче Иванов — деец на ВМРО, војвода на чета во Леринско[20]
  • Стојче Шакиров — револуционер, војвода од ВМРО
  • Тане Стојчев (1874 – 1907) — револуционер, војвода од ВМРО
  • Ташко Ширилов — поет, писател и преведувач
Починати во Горничево
  • Георги Икономов — гркомански андарт
  • Евангелос Николудис (? – 1906) — грчки андарт
  • Петар Погончев (1875 – 1908) — револуционер, деец на Македонскиот комитет и на ВМРО
  • Стефан Николов (1855 – 1902) — револуционер
Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads