Георги Сталев Поповски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георги Сталев Поповски (Витолиште, Прилепско, 22 април 1930 ) — македонски поет, прозаист, драмски писател, научен работник, преведувач. Тој е доктор по филолошки науки и универзитетски професор.[1]
Remove ads
Животопис
Сталев Поповски е роден е на 22 април 1930 година во селото Витолиште, Мариово, Прилепско. Филозофски факултет завршил во Скопје. Бил долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член е на ДПМ од 1956 година. Добитник е на наградите: „Климент Охридски“, „13 Ноември“ во 1981[2], „Златен венец“ на фестивалот МЕС-Сараево, Медал од Фондот на Лермонтов - Москва, „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“.[3]
Remove ads
Библиографија
- Смев на крвта (роман, 1960),
- Преглед на македонската книжевност од 19 век (1963),
- Гороломник пред својот крст (поезија, 1968),
- Македонскиот верс (студија, докторска дисертација, 1970),
- Зелени гранчиња лаври (роман за деца и млади, 1971),
- Болен Дојчин (драма во стихови, 1971),
- Ангелина (драма во стихови, 1972),
- Девет портрети од светската книжевност (1974),
- Приближувања I (есеи и огледи, 1974),
- Расколникот од Хетиим или Џинот (драма во стихови, 1975),
- Самуил (драма во стихови, 1980),
- Приближувања II (есеи и огледи, 1983),
- Вториот Омир (поема, 1988),
- Бесоница (поема, 1993),
- Последните сто години македонска книжевност (студија, 1994),
- Едно можно читање на Рациновите „Бели мугри“ (студија, 1994),
- Јас Константин Македонијата (поезија, 1996),
- Маски (поезија, 1998)
- Мала антологија на француската поезија (1964),
- Антологија на француската поезија од нејзините почетоци до XX век (1977),
- Антологија македонске критике (на српски јазик, 1978),
- Мртвите не умреле во нас (антологија на руската поезија од 19 век, 2000).
- Неговите драми (Болен Дојчин, Ангелина, Расколникот од Хетиим или Џинот, и Самуил) беа издадени во едно издание од страна на издавачката куќа Матица Македонска во 2002-та година.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads