Пишона

поранешно село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Пишонаmap
Remove ads

Пишона (грчки: Πισόνα, Писона) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Седес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Пишона Πισόνα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало непосредно до Царево Село, во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на надморска височина од 60 м.[1]

Историја

Од некогашното село се останати само средновековна кула и амам, остатоци на постарото селиште Пинсон (Πινσών) или Пинасонос (Πινασώνος), за кое се зачувани голем број регистри на жители од XIV век. Ова село некогаш било метох на светогорскиот манастир Велика Лавра.[2]

Во XIX век Пишона било село во Солунската Каза на Солунскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 84 жители, сите Грци.[3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пишона (Pichona) имало 120 Грци.[4]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 25 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 40, а во 1928 г. се намалиле на само 15 лица. Во подоцнежните пописи не се спомнува повеќе како одделена населба, бидејќи се смета дека е споена со Царево Село.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads