Претседателски избори во САД (2008)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Претседателски избори во САД, 2008 — 56. по ред претседателски избори во САД. Се одржале на 4 ноември 2008 година. Кандидатот за претседател од редовите на Демократската партија Барак Обама го победил републиканскиот кандидат Џон Мекејн. Барак Обама станал првиот Афроамериканец кој бил избран за претседател на САД, додека Џо Бајден станал првиот католички потпретседател на САД.
Обама со голема предност ги освоил овие избори, како на народното гласање така и на Изборен колегиум, односно 365 изборни гласови наспроти 173 за Мекејн. Обама исто така освоил најголем процент на народното гласање како кандидат на демократите од времето на Линдон Б. Џонсон во 1964. Успехот на Обама како кандидат кој бил номиниран за кандидат за претседател од страна на голема партија како и неговата победа на изборите бил голем достиг за афроамериканското општество во САД. Иако Хилари Клинтон не успеала да ја освои демократската номинација, таа сепак станала првата жена во историјата на САД која победила во некоја сојузна држава на меѓупартиски избори, односно во Њу Хемпшир на 8 јануари. Таа во 2016 ја освои номинацијата од страна на демократите како демократски кандидат за претседател но не успеала да победи.[2][3][4][5] Таа исто така станала прва жена која како американски претседателски кандидат се натпреварувала на меѓупартиските избори во секоја сојузна држава. Слично на ова, Сара Пејлин стана првата жена која се најде на републиканската кандидатска листа, и втората жена што се нашла на кандидатска листа воопшто (по Џералдин Фераро во 1984).
Обама освоил 69,5 милиони гласови што претставува најголемиот број на добиени гласови кој ги добил претседателски кандидат воопшто. Вкупниот број на гласови односно 131 милион претсавувале 43% од вкупното население на САД, втор најголем одзив на американски претседателски избоди, веднаш по оние во 2016.[6][7] Ова исто така биле првите избори каде што ниеден од кандидатите за претседател не е роден во Континенталните Соединети Држави. Обама е роден на Хаваите а Мекејн во базата Коко Соло во Панамскиот Канал додека Панамскиот Канал бил територија на САД.
Remove ads
Номинации и кандидати
Во САД преовладуваат две политички партии, демократската и републиканската. Исто така има повеќе помали партии, најчесто нарекувани трети партии, иако повеќето медиуми го ставаат фокусот на двете најголеми.
Секоја голема партија организира меѓупартиски избори со цел да се избере кандидатот за претседател на таа партија. Процесот на номинација се состои од меѓупартиски избори во 50 сојузни држави како и Гуам, Порторико, Вашингтон, Американски Девствени Острови, Американска Самоа и Северни Маријански Острови. Победникот во меѓупартиските избори во секоја сојузна држава освојува делегати кои се пропорционално распределени според процентот на народното гласање кој го добил секој од кандидатите. Во Демократската партија, истакнатите членови се познати како суперделегати кои имаат еден глас на конвенцијата. Кој од кандидатите добива мнозинство од гласовите на партиската конвенција крајот на меѓупартиските избори е прогласен за најверојатен кандидат сè до моментот кога тој или таа не е формално номиниран/а од неговата или нејзината политичка партија.
Демократска партија
Кандидати кои се повлекле
- Хилари Клинтон, сенатор од Њујорк (се повлекла на 7 јуни 2008 и го поддржала Барак Обама)
- Џон Едвардс, поранешен сенатор од Северна Каролина (се повлекол на 30 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
- Бил Ричардсон, Гувернер на Ново Мексико (се повлекол на 10 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
- Денис Кусинич, претставник на Охајо (се повлекол на 24 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
- Џо Бајден, сенатор од Делавер (се повлекол на 3 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
- Мајк Грејвел, поранешен сенатор од Алјаска (се повлекол на 25 март 2008 и се кандидирал за претседател од редовите на Либертаријанската партија. По неуспешната номинација го поддржал Џеси Џонсон)
- Кристофер Дод, сенатор од Конектикат (се повлекол на 3 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
- Еван Беј, сенатор од Индијана (се повлекол на 15 декември 2007 и ја поддржал Хилари Клинтон. Подоцна Барак Обама)
- Том Вилсек, поранешен гувернер на Ајова (се повлекол на 23 февруари 2007 и ја поддржал Хилари Клинтон. Подоцна Барак Обама)
Републиканска партија
Кандидати кои се повлекле
- Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс (се повлекол на 7 февруари 2008 и го поддржал Џон Мекејн)
- Мајк Хакаби, поранешен гувернер на Арканзас (се повлекол на 4 март 2008 и го поддржал Џон Мекејн)
- Рон Пол, претставник од Тексас (се повлекол на 12 јуни 2008 и го поддржал Чак Болдвин)
- Руди Џулијани, поранешен градоначалник Њујорк (се повлекол на 30 јануари 2008 и го поддржал Џон Мекејн)
- Фред Томсон, поранешен сенатор од Тенеси (се повлекол на 22 јануари 2008 и го поддржал Џон Мекејн)
- Алан Кејс, поранешен амбасадор на САД во Економскиот и социјален совет на ООН од Мериленд (се повлекол на 15 април 2008 и се кандидирал за претседател од Конституционалната партија. По неуспехот за номинација, тој станал кандидат за претседател на Американската партија.)
- Данкан Хантер, претставник од Калифорнија (се повлекол на 19 јануари 2008 и го поддржал Мајк Хакаби. Подоцна го поддржал Џон Мекејн)
- Том Танкридо, претставник од Колорадо (се повлекол на 20 декември 2007 и го поддржал Мит Ромни. Подоцна го поддржал Џон Мекејн)
- Сем Браунбек, сенатор од Канзас (се повлекол на 18 октомври 2007 и го поддржал Џон Мекејн)
- Томи Томсон, поранешен секретар за здравство и социјални услуги на САД (се повлекол на 12 август 2007 и го поддржал Руди Џулијани. Подоцна го поддржал Џон Мекејн)
- Џим Гилмор, поранешен гувернер на Вирџинија (се повлекол на 14 јули 2007 и го поддржал Џон Мекејн)
- поранешен амбасадор на САД во Економскиот и социјален совет на ООН
Алан Кејс,
од Мериленд
(се повлекол на 15 април 2008) - Поранешен секретар за здравство и социјални услуги на САД
Томи Томсон,
од Висконсин
(се повлекол на 12 август 2007)
Remove ads
Резултати

Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads