Припор (Скопје)
населба во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Припор — населба во состав на Општина Кисела Вода во Скопје.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Припор се наоѓа во Скопската Котлина близу планината Водно.
Според пописот од 2002 година, во населбата имало 3,009 жители, сите Македонци
Според последниот попис од 2021 година, во населбата живееле 5,648 жители, од кои 5,512 Македонци, 15 други и 121 лице без податоци. [2]
Населбата е целосно населена со Православни Христијани. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Remove ads
Населбата Припор била создадена помеѓу 1956-1960 година. Пред да стане населба било мало населено место каде што имало земјоделски обработки.

Населението на Припор е скоро целосно дојдено од блиските села како што се : Нова Брезница, Јаболци, Говрлево, Ракотинци, Осинчани и други.
Населба Припор била кратко дел од Општина Сопиште во периодот од 2004 до 2013 година. За време на оваа реорганизација на општинските граници, Припор била префрлена од Општина Кисела Вода во Општина Сопиште. Сепак, со новите административни промени во 2013 година, Припор повторно станала дел од Општина Кисела Вода.[7]
Припор е населба во состав на Општина Кисела Вода
- Црква „Преображение Христово“[8]
- Спортско игралиште „Александар Ивановски - Теферич[9]
Поврзано
- Припор (појаснителна страница)
- Општини во Македонија
- Општина Кисела Вода
- Град Скопје
- Населби и маала во Скопје
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads