Раклиш
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Раклиш — некогашно село и денешна населба на градот Радовиш, во Општина Радовиш.
Според пописот од 2002 година, населбата имала население од 570 жители,[2] со што населбата се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Remove ads
Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Раклиш во XVI век (1519 г.). Се претпоставува дека доаѓа од „ракла“ што означува раздел на дрво, чатал или сандак. Другата претпоставка е од личното име Ракле.[4]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш, недалеку од самиот град Радовиш, со што припаѓа на неговата рурбална зона.[5] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 380 метри.[5]
Населбата се наоѓа на патот кон селата Ораовица и Подареш, и по течението на река Марлада.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 6,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 616 хектари, па затоа селото има полјоделска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[5]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раклиш живееле 270 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раклиш имало 320 Македонци, од кои 240 под врховенството на Бугарската егзархија и 80 протестанти.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 430 жители, а во 1994 година бројот изнесувал 479 жители.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Раклиш живееле 570 жители, од кои 561 Македонец, 1 Турчин, 2 Срби и 6 останати.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 559 жители, од кои 509 Македонци, 1 Албанец, 11 Турци, 3 Роми, 3 останати и 32 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Раклиш е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[15]
- Доселеници: Каратасевци (2 к.), доселени се однекаде во XVIII век; Стефановци (2 к.), доселени се одамна од Радовиш; Поцковци (1 к.), доселени се од некое околно село во Радовишко; Глигоровци (2 к.), доселени се од Радовиш; Кршковци (2 к.), доселени се од некое село во оваа област (Радовишко); Кочовци (2 к.), исто така од некое село во оваа област; Пецановци (2 к.), доселени се од Радовиш во XIX век; Дамјановци (2 к.), доселени се од селото Дамјан; Милевци (1 к.), доселени се од Радовиш. А уште подалечно потекло имаат од Тиквеш; Газеповци (2 к.), не знаат од каде се доселени; Мицевци (1 к.), доселени се од Радовиш; Темелковци или Тодоровци (2 к.), се од некое блиско село; Џековци или Алиџековци (10 к.), доселени се од Воислачки Чифлик; Коцевци (1 к.), доселени се од некое село во Тиквеш; Попадијевци (1 к.), доселени се од Радовиш; Аневци (2 к.), и тие се од Радовиш; Спасовци или Мицевци (3 к.), доселени се од селото Погулево; Костовци (2 к.), доселени се од селото Дукатино кај Струмица; Богатинци (3 к.), доселени се од селото Дамјан; Костовци (1 к.), доселени се од селото Воиславци; Мијајловци (2 к.), доселени се од селото Дукатино кај Струмица; Лисковци (1 к.), доселени се од селото Инево; Ѓоргевци (2 к.), исто така доселени се од селото Инево.
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Никола Карев“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Никола Карев“ - Радовиш
- Месна заедница
Самоуправа и политика

Во XIX век, Раклиш било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Раклиш, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната градска општина Радовиш, во која влегувале градот Радовиш и селото Раклиш.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1589 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 543 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 546 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[6]
- Јазо — населба од доцноантичкото време;
- Казаница — вила рустика од римското време;
- Крст - Жешка Вода — населба-викус од римското време; и
- Скрдо — вила рустика од римското време.
- Цркви[19]
- „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква (православна црква од XIX век); и
- Евангелско-методистичка црква — месната евангелско-методистичка црква.
- Споменици
- Споменик на НОБ во селскиот парк
- Биста на Илија Алексов во селскиот парк
- Природни извори
- Фонтана на геотермални води во селскиот парк[20]
- Фонтана во паркот
- Споменик на НОБ
- Биста на Илија Алексов
- Евангелско-методистичката црква
Remove ads
Личности
- Родени во или по потекло од Раклиш
- Славчо Џеков (1924-1999) — универзитетски професор
- Ванчо Чифлиганец (р. 1954) — стопанственик
Култура и спорт
Во селото работеле два фудбалски клубови.
Галерија
- Улица во населбата
- Улица во населбата
- Детско игралиште
- Езерце во паркот
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads