Роберт Гајдик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роберт Гајдик - Славко, понекаде со погрешно презиме Гајдиќ (чешки: Robert Gajdik; 1923 во Злин, Чехословачка— 14 јануари 1942 во Липљан, Косово) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија и Југославија во НОБ од чешко потекло.[1]
Remove ads
Животопис
Роберт Гајдик е роден во Злин, Чехословачка. Неговите родители претходно биле доселени во Скопје, каде татко му работел како инженер во ХЕЦ „Матка“[2]. Останал во Злин, работејќи во познатата фабрика за чевли „Бата“. Со окупацијата на Чехословачка во 1938 г. им се придружил на родителите во Скопје, до каде допатувал на велосипед.[3][4] Завршил градежен отсек на Среднотехничкото училиште и станал член на СКОЈ во 1939 г.
По налог на Месниот комитет на КПЈ за Скопје, се вработил во рудникот „Радуша“ како главен магационер (првата половина на 1941 г.). Со група младинци, истата година по повод Први мај истакнал црвено знаме на Дивизиската зграда во Скопје, а на почетокот на јуни учествувал во палењето на германски транспортен авион „Јункерс Ју 52“ на Скопскиот аеродром. Илегално ја снабдувал Скопската организација на КПЈ со експлозиви и станал борец на Првиот скопски партизански одред на 22 август 1941 г., заедно со Дане Крапчев, Васил Антевски - Дрен, Боро Петрушевски, Невена Георгиева - Дуња, Раде Јовчевски - Корчагин и други. Во септември оди во Куманово и ги обучува идните борци на кумановските партизански одреди за ракување со експлозив. Во Куманово останува 12 до 15 дена.
По апсењето од Гестапо во ноември 1941 г., успеал да избега и се вработил во Приштина. Наскоро станал борец на партизанскиот одред „Зејнел Ајдини“ (од почетокот до крајот на 1942 г.). Поради болест продолжил со заднинска работа, изработувајќи оружје и рачни бомби, но бил уапсен при провалата во селото Суви Дол, Косово, одведен во Липљан и јавно стрелан.[4][5]
Remove ads
Чествување

Во Скопје работи здружението на граѓани „Роберт Гајдик“ во спомен на овој деец, како и урбаната заедница „Роберт Гајдик“ во рамките на Општина Центар.[6] Во непосредна близина се наоѓа и неговиот споменик, изграден во 1972 година на местото на неговата куќа.
Неговото дело се чествува веќе подолг период, а почнувајќи од 2013 година на церемонијата официјално учествува и амбасадата на Чешка во Македонија.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads