Брешко
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брешко — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Козјачија, крај реката Петрошница. Се наоѓа во ридски предел на најзападните падини на планината Герман, на надморска височина од 600 м. Атарот е мошне мал, со површина од само 1,6 км2[2]
Историја
На крајот од XIX век Брешко било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Брешка (Брѣшка) имало 108 жители, Македонци христијани.[3][4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брежко имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5] Според бугарски извори, сите 12 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.[6]
Remove ads
Стопанство
Според податок од 1998 г. Брешко поседува 65,8 ха обработливо земјиште 70,6 ха пасишта и 5,4 ха шуми.[2]
Население
Според пописот од 2002 година, во селото Брешко имало 16 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Брешко е македонско село.
Родови во селото се:
Remove ads
Иселеништво
Според истражувањата направени во XX век, родови со потекло од Брешко има во следниве населени места:
- Руѓинце, Оп. Ст. Нагоричане: Брештанци (6 куќи) — забележано во 1971 г.[12]
- Миладиновци, Оп. Илинден: Максимови (1 куќа), доселени во 1926 г. — забележано во 1953 г.[13]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads