Сал Маала

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сал Маалаmap
Remove ads

Сал Маала (грчки: Κωνσταντινάτο, Константинато; до 1927 г. Σαλ Μαχαλάς, Сал Махалас[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Чучулигово Κωνσταντινάτο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од градот Сер и во непосредна близина на Киспикеси.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век и почетокот на XX век Сал Маала било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сал Мала (Salmala) има 8 домаќинства на 29 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Сал Maala, чифлик кој припаѓа на многумина; се наоѓа на JИ од Сер. Земја плодна како во Ени Маала. 25 македонски куќи;[6] грчка црква.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сал Маала (Салъ Махала) броела 210 жители, сите Македонци-христијани.[4][8]

На почетокот на XX век населението било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Сал-Махала (Sal-Mahala) се состоело од 272 Македонци патријаршисти.[4][9]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 110 жители, а во 1920 г. се смалило на 78 лица.[3] Сето население под притисок на властите се иселило во Бугарија, а на нивно место во 1924 г. се доведени грчки колонисти.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Константинато, но промената официјално стапила на сила следна 1927 г.[2] Пописот од 1928 г. ја претставува Сал Маала како чисто дојденска населба со 233 жители (57 семејства).[10]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads